Posts

Showing posts from May, 2023

Нашиот патрон-Дамјан Јованов Крапчев

Image
  Дане безброј цветови пораснаа во твојата градина, безброј топли и темни дни поминаа. Сите овие цветови почнаа да цутат, а со тоа ја напуштија и градината и почнаа да чекорат кон големото и безбројно поле. Но, никогаш нема да се заборави таа топла градина во која ги доживееавме среќата и тагата.  За многумина ти, Дане си само еден херој познат од историјата. Но, за нас ти си личност со големо срце, со голема храброст и борба за сопственоста. Сите ние сме горди што учиме во ова училиште кое го носи името на еден великан. На ова место станавме луѓе со голема свест, почит, труд и љубов. Горди сме на она што си го постигнал и за она што си се залагал. Дане сите твои големи дела засекогаш ќе ги паметиме, а ние ќе ги пренесуваме на наредните генерации. Со голема љубов, труд и голем број на постигнати успеси ние, Дане те истакнуваме во најдоброто светло. Честит патронен празник!    Автор: Ана Марија Стамчевска IX-3 Уредник: Сара Ангелова IX-3  

Среќен патронен празник, патрону наш!

  Во едно студено и магливо февруарско утро Беше роден вистински херој, храбар борец, кој не може да го опише ни најдобриот творец. Со борбен дух и желба искрена, чиста го следеше своето мото.   И велеше:   ,,По бурата секогаш се појавува светлинатаʺ. А, тој пак падна, во прегратка на темнината. Закопан во пазувите на планината, светлина ѝ подари на татковината! Денот кога гората те пречека  го славиме, и името Дане Крапчев никогаш нема да го заборавиме! Автор и уредник Ања Јовановска IX-4    

Св. Кирил и Методиј

Image
  Св. Кирил и Методиј, македонски браќа родени во Солун. Браќа кои со својата желба и пасија да создадат јазик на кој ќе можат да ги преведат грчките книги ја создале граголицата, првиот и најважен чекор до сопствен јазик, сопствено писмо. Тоа биле макотрпни денови каде што ноќе, во темна просторија, под свеќа, Св. Кирил ги пишувал буквите на глаголицата, целиот изнемоштен и изморен. Но, благодарение на нивната посветеност, ние денес се разбираме, разговараме и споделуваме мислења, дискутираме, читаме, учиме... Од голема важност се, бидејќи не само што создале писмо, тие ја создале светлината на слепите и звукот на глувите. Ни дале знаење, не описмениле. Денес, дваесет и четврти мај, е ден на кој што ја празнуваме нивната работа и посветеност,   бидејќи без нив, би биле сосем друго население со сосема друго знаење, култура, јазик. Тие ни го дале нашиот идентитет, нашиот карактер и нашето знаење. Цртежот е изработен од Лина Серафимовска II-4 Автор на текстот Ева Серафимовска IX...

На час по Дизајн II

Image
 На вториот час по предметот Дизајн според изработениот цртеж на одреден дизајн   од хартија изработувавме модел со кој ја облекувавме нашата изработена кукла од хартија.     Автор: V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

На час по Дизајн I

Image
На часовите по изборниот предмет Дизајн, за да можеме да ги нацртаме нашите дизајни прво  цртаме модел на човечко тело по пропорција. Една вертикална линија ја делиме на 8 еднакви делови. Првата осмина е главата. Цртаме мал врат. Следните две осмини припаѓаат на трупот. Осмината под него е половината. Останатите четири дела се нозете, поделени на два еднакви дела ( надколена и подколена). Од горниот дел на трупот цртаме раменици како два круга. Од нив две надолжни прави кои се поделени на два еднакви дела. Така го добиваме нашето „човече“. Ако е момче може да се вика Марко, а ако е женско може да се вика Ана. Потоа на нашето „човече“ цртаме и дизајнираме облека во различни стилови.Можете да видите некои од нашите дизајни. Ако ви се допадне оваа активност може да се обидете и вие. Воопшто не е тешко, а може да биде и итересно. Бидете креативни и свои.                                    Автор: И...

Настава во природа-Охрид V

Image
   На петтиот ден од настава во природа (12.05.2023) го напуштивме хотелот и направивме обиколка низ чаршијата во Охрид.    Ги посетивме Билјанините извори и  под убавите сенки игравме заеднички игри. Потоа се упативме кон градот Битола и го посетивме археолошкиот локалитет Хераклеа.    Тоа беше нашата последна посета и  се вративме дома во Скопје.Овие пет дена  беа возбудливи и интересни за сите нас. Автор: Ангелина Трпковска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид IV

Image
  Денес, на четвртиот ден од нашата настава во природа бевме  во Вевчани и ги посетивме изворите.     Потоа отидовме во градот Струга и го посетивме музејот на Никола Незлобински во кој се наоѓаат препарирани животни. Можеа да се видат инсекти, водоземци, влечуги, птици, цицачи. Во Струга го видовме изливот на реката Дрим. Ги завршивме нашите посети во попладневните часови. Автор: Јана Спировска V-2 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид III

Image
    Третиот ден од настава во природа (10.05.2023) ги посетивме Заливот на коските и манастирот Св. Наум. Во Заливот на коските на наколни живеалишта имаше поставено куќи направени од кал, дрво и трски. Во куќите е прикажан животот на луѓето во праисторијата. Во музејот беа изложени предмети направени од глина и пресечени столбови од најсилните живеалишта.  Во манастирот Св. Наум се наоѓа гробот на Наум Охридски Чудотворец, а така го нарекле бидејќи ги лекувал и им помагал на луѓето со разни болести. На гробот можеше да го чуеме чукањето на срцето на Св. Наум. Дрвениот иконостас во манастирот беше позлатен. Во дворот на манастирот сретнавме пауни кои сакаа да се фотографираат. Автор: Јана Србиноска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид II

Image
    На вториот ден од настава во природа (09.05.2023) и покрај ситниот дожд го посетивме Охрид, градот на бисерите. Ја посетивме куќата   на Робевци, која денес е познат музеј во Охрид. Во него се изложени предмети, накит и облека од п.н.е и од н.е. Во него е изложена една од шестте фамозни златни маски   Ја посетивме црквата Св. Софија кој поминала низ бројни реставрации. По патот застанавме до амфитеатарот и дознавме за неговото користење во античкиот период. Го посетивме гробот на познатиот поет Григор Прличев. Се упативме на Плаошник и му оддадовме почит на Климентовиот гроб, важна личности во македонската историја  и за постоењето на македонската азбука. Го посетивме Канео, црква што има најубава местоположба во светот. Поради дождот кој стана се посилен ние моравме да се вратиме во хотелот. Автор: Ангелина Трпковска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид I

Image
 На ден 08.05.2023г.  ние учениците од петто одделение заминавме на настава во природа. Во Тетово ја посетивме Шарената џамија која била изградена во 15 век.  Поминавме покрај планинската река Радика. Следно го посетивме машкиот манастир Св. Јован Бигорски познат по иконостасот изработен од дрво и иконата на Св. Јован. Поминавме покрај женскиот манастир Рајчица и вештачкото Дебарско Езеро. Во попладневните часови пристигнавме во хотелот и се запознавме со околината. Автор: Мила Николова V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

ЗА МОЈОТ ДРУГАР

Image
  Не заминав ! Не заминав без поздрав ! Не те оставив, не те напуштив ! Ме зедоа. Не најавено, грубо, насилно, со нивната моќ, во таа црна и глува ноќ.   Одеднаш се слушна од возила звук и чекори тешки, по калдрмата во сокакот наш каде се оди само пешки. За миг се затресе портата наша. А мајка ми ... ги рашири силно рацете свои, ме зграпчи како раскрилена птица преплашена за чедото свое.   Но, не беа доволни ниту прегратката и стисокот силен, ниту врисокот и молбите, ниту преплашените очи и солзите. Чукаа силно нашите срца две како да ќе ни најдат спас, во мигот суден за нас ! Ама попусто беше се. Не разделија, не однесоа ! А нашите погледи празни и срца тажни, ги затворија. И ... еве сум ... во воз. Долг, необично долг воз. Вагони многу, бучен, темен, навидум како и другите. Се слуша тропотот на тркалата по шините што во неповрат водат. А од внатре врева, лелек, пискотници ! Плач ! И детски и старски се разлева ни...

МАЈЧИН ЈАЗИК

Image
  Да зборуваш, да кажуваш и раскажуваш, значи да говориш. Да говориш, значи да имаш јазик свој, мајчин јазик. Јазик од дедовци и прадедовци, од предци дамнешни.  Од колено на колено, од генерација на генерација пренесуван, граден, чуван и заштитуван. Јазик најубав, највреден, најзвучен, најмоќен ! Идентитет на една нација и земја, нација своја, а предизвик, интерес и желба за други  да го научат, осознаат и запознаат.   Да имаш свој, мајчин јазик е богатство најголемо, непроценливо. А да го негуваш, заштитуваш и да го сочуваш и на идни генерации да го предаваш, значи бесценето богат си, па несебично и другите збогатувај ги !   Не е важно каде си, што си, со кого си јазикот мајчин секогаш и секаде да го говориш, со него да се гордееш и китиш. Децата свои уште од колевка со него да ги заспиваш и будиш, со него да ги растеш и воспитуваш, најубави песни и уки да им даваш. Да ги израснеш со нивниот јазик, македонскиот и луѓе големи да ги сториш. Да знаат кои се, од к...

Гоце Делчев

Image
По повод смртта на нашиот голем револуционер и патриот-Гоце Делчев. Автор: Мухамед Весели V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2  

Од допирот на љубовта секој станува поет

Image
  Трепет во срцето, забрзано отчукување, разумот отстапува, а срцето ја презема контролата. Љубовта е чудно чувство. Те исполнува, мислиш на неа секогаш... Во првиот момент кога ќе се почуствува, злото исчезнува. Розови очила ни се наметнати и со нив чувствата стануваат се посилни. Секој го има доживеано тоа чувство. Кон кој и да е, се чувствуваш спокојно во негова близина. Има различна љубов. Љубовта кон уметноста може на многу убав и сликовит начин да се долови. Преку сликарското платно, уметникот, своите чувства ги изразува преку боите, текстурата и начинот на сликање. Композиторот ги доловува со звукот на музиката која допира до срцето. Балерината танцува низ чувствата, а глумецот се внесува во нив. Љубовта кон некоја личност е поразлична. Се забележува секој мал, убав детаљ. Насмевката, отсјајот во очите, искреноста и внатрешната убавина... Секој изговорен збор, секој потег и поглед добиваат големо внимание. За каква било љубов и да се работи, чувството кое ни го дава е не...