Posts

Showing posts from June, 2022

Училишни спомени

Image
  Ги броиме последните денови и часови кога за последен пат ќе излеземе низ широката бела порта на нашето сакано училиште. Зад нас ќе ги оставиме не само нашите наставници и помалите соученици, туку и девет години од нашиот живот во кои создадовме драгоцени спомени. Спомените ќе си ги понесеме со нас, но дел од нив ќе оставиме за училиштето засекогаш да ги чува успесите кои ги постигнавме. Многу натпревари, проекти, приредби, ученички иницијативи и активности... ќе сведочат дека сме оставиле печат не само на нашата училишна заедница, туку и во нашата општина и пошироко. Понекогаш и забушававме, бидејќи мора да ги оправдаме „бубачките во глава“ што ни ги припишуваат возрасните. За нас, деветоодделенците, завршува една етапа од нашиот живот и почнува нова и непозната за нас. Од овде ќе ја понесеме пораката од нашите наставници дека што и да станеме во животот, каде и да бидеме, секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себе . Некои од нас ќе се посветат на научно-

Корисно и забавно време поминато на интернет

Image
  Интернетот е најголемиот и најбрзиот извор на информации што ни е достапен во секое време и може да биде многу корисна алатка ако се користи правилно. Наместо бесмислено да скролате низ Фејсбук и Инстаграм кога ви е досадно, искористете го тоа време продуктивно, за да научите нешто ново. Прочитајте неколку препораки како да го поминете корисно и забавно времето поминато пред компјутер. Научете нешто ново. Интернетот е полн со веб-сајтови, апликации и онлајн курсеви кои бесплатно нудат знаења и вештини. Вие само треба да изберете што ве интересира : да научите нов странски јазик, да стекнете некоја компјутерска вештина, да видите како се сади зеленчук или цвеќе, како правилно да се грижите за домашниот миленик, да ги научите правилата на некоја спортска дисциплина, да научите да готвите... изборот е бесконечен.   Организирајте се. Сите тие фајлови што ви го преполнуваат десктопот и ви прават хаос може да ги средите и организирате во посебни папки. На пример, направете една папка