Св. Кирил и Методиј

 


Св. Кирил и Методиј, македонски браќа родени во Солун. Браќа кои со својата желба и пасија да создадат јазик на кој ќе можат да ги преведат грчките книги ја создале граголицата, првиот и најважен чекор до сопствен јазик, сопствено писмо. Тоа биле макотрпни денови каде што ноќе, во темна просторија, под свеќа, Св. Кирил ги пишувал буквите на глаголицата, целиот изнемоштен и изморен. Но, благодарение на нивната посветеност, ние денес се разбираме, разговараме и споделуваме мислења, дискутираме, читаме, учиме... Од голема важност се, бидејќи не само што создале писмо, тие ја создале светлината на слепите и звукот на глувите. Ни дале знаење, не описмениле. Денес, дваесет и четврти мај, е ден на кој што ја празнуваме нивната работа и посветеност,  бидејќи без нив, би биле сосем друго население со сосема друго знаење, култура, јазик. Тие ни го дале нашиот идентитет, нашиот карактер и нашето знаење.



Цртежот е изработен од Лина Серафимовска II-4

Автор на текстот Ева Серафимовска IX-4

Уредник Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче