Posts

Showing posts with the label Проза

Збогум...?

Image
  Oстануваат толку работи недокажани а толку малку време. Навистина уште не знам кога помина годината. Кога помина последната етапа од нашиот престој во Дане Крапчев. Кога од малечки деца станавме во овие пораснати тинејџери кои треба да одат во средно. Се разделуваме. Кажуваме збогум. Мемориите ги носиме a со нас останува нашиот белег кој сме го направиле на училиштето. В елат дека времето е релативно, дека минува баш според нашата реферетна рамка, но како може вистински да е кога моментите кои сакаме да траат подолго ни отчукуваат во раце?  За среќа истите може да се сочуваат.. со слики. Благдарам на сите соученици и наставници! ,,Дане Крапчев"  засекогаш ќе остане дел од едно поглавје во животот кој не прави она што сме денес. Па затоа да се насмееме во името на исте тие прекрасни моменти кои ги доживеавме во последниве девет незаборавни години. За последен пат.. Автор и Уредник: Ања Јовановска IX-4

Догледање „Дане Крапчев“

Image
    Возбудена, исполнета со нетрпение, едвај чекав да почне учебната година и да зачекорам на патот од основното образование. Да почувствувам одговорност, да запознам нови пријатели, да создадам нови искуства...   1 септември 2014 г. Беше сончево, трчаа наоколу разиграни дечиња, имаше многу родители и возбудата се чувствуваше. Глетката беше многу убава. Се прегрнуваа првооделенчињата со своите наставнички како мајки со своите дечиња. Најмалите шараа со своите очиња низ училиштето, разгледувајчи го својот втор дом. Местото каде што ќе поминат девет години, место во кое ќе создадат преубави спомени, заедно со своите пријатели и наставници. Тој ден беше денот кога „Дане Крапчев“ нѐ пречека со огромна прегратка, а ние како мали човечиња со возбуда ги прифативме предизвиците кои не очекуваа... Првите пет години, во одделенска настава беа прекрасни. Одделенските раководители се грижеа за нас и на вистинскиот пат нѐ посочија. Сакаа да бидеме најдобри меѓу најдобрите....

Нашиот патрон-Дамјан Јованов Крапчев

Image
  Дане безброј цветови пораснаа во твојата градина, безброј топли и темни дни поминаа. Сите овие цветови почнаа да цутат, а со тоа ја напуштија и градината и почнаа да чекорат кон големото и безбројно поле. Но, никогаш нема да се заборави таа топла градина во која ги доживееавме среќата и тагата.  За многумина ти, Дане си само еден херој познат од историјата. Но, за нас ти си личност со големо срце, со голема храброст и борба за сопственоста. Сите ние сме горди што учиме во ова училиште кое го носи името на еден великан. На ова место станавме луѓе со голема свест, почит, труд и љубов. Горди сме на она што си го постигнал и за она што си се залагал. Дане сите твои големи дела засекогаш ќе ги паметиме, а ние ќе ги пренесуваме на наредните генерации. Со голема љубов, труд и голем број на постигнати успеси ние, Дане те истакнуваме во најдоброто светло. Честит патронен празник!    Автор: Ана Марија Стамчевска IX-3 Уредник: Сара Ангелова IX-3  

Св. Кирил и Методиј

Image
  Св. Кирил и Методиј, македонски браќа родени во Солун. Браќа кои со својата желба и пасија да создадат јазик на кој ќе можат да ги преведат грчките книги ја создале граголицата, првиот и најважен чекор до сопствен јазик, сопствено писмо. Тоа биле макотрпни денови каде што ноќе, во темна просторија, под свеќа, Св. Кирил ги пишувал буквите на глаголицата, целиот изнемоштен и изморен. Но, благодарение на нивната посветеност, ние денес се разбираме, разговараме и споделуваме мислења, дискутираме, читаме, учиме... Од голема важност се, бидејќи не само што создале писмо, тие ја создале светлината на слепите и звукот на глувите. Ни дале знаење, не описмениле. Денес, дваесет и четврти мај, е ден на кој што ја празнуваме нивната работа и посветеност,   бидејќи без нив, би биле сосем друго население со сосема друго знаење, култура, јазик. Тие ни го дале нашиот идентитет, нашиот карактер и нашето знаење. Цртежот е изработен од Лина Серафимовска II-4 Автор на текстот Ева Серафимовска IX...

Од допирот на љубовта секој станува поет

Image
  Трепет во срцето, забрзано отчукување, разумот отстапува, а срцето ја презема контролата. Љубовта е чудно чувство. Те исполнува, мислиш на неа секогаш... Во првиот момент кога ќе се почуствува, злото исчезнува. Розови очила ни се наметнати и со нив чувствата стануваат се посилни. Секој го има доживеано тоа чувство. Кон кој и да е, се чувствуваш спокојно во негова близина. Има различна љубов. Љубовта кон уметноста може на многу убав и сликовит начин да се долови. Преку сликарското платно, уметникот, своите чувства ги изразува преку боите, текстурата и начинот на сликање. Композиторот ги доловува со звукот на музиката која допира до срцето. Балерината танцува низ чувствата, а глумецот се внесува во нив. Љубовта кон некоја личност е поразлична. Се забележува секој мал, убав детаљ. Насмевката, отсјајот во очите, искреноста и внатрешната убавина... Секој изговорен збор, секој потег и поглед добиваат големо внимание. За каква било љубов и да се работи, чувството кое ни го дава е не...

Патопис на еден деветооделенец: Тродевна екскурзија во Охрид

Image
  Девето одд еление. Се памти по многу нешта меѓу кои е и тродневната екскурзија во Охрид. Охрид- град на светлината познат како и Лихнид. Според легендите се вели и дека додека ја граделе Самоиловата тврдина и ги носеле тешките камења викале "ох-рид" од кое се родило името кое денес е врежано во сите наши срца како дестинација за релаксација и одмор. Нашата авантура започна пред портите на училиштето и прво застанување ни беше  Шарената џамија следеше  Бигорски манастир а потоа и женскиот манастир каде успеавме да видиме глетка од силното непокорно биење на камбаните создавајќи свој ритам, противеќи му се на палавото ветре. Бигорски манастир Имавме прошетка низ Струга и го надгледувавме истекот на реката  Дрим и секако, имавме интересно објаснување  за темнозелените алги кои се жители само таму и на изворите, како и зошто водите на реката и езерото не се мешаат. Зошто се вели дека водите на реката си имаат “своја патека на движење”.  Струга

Опис на природна појава

Image
     Се беше прекрасно, јас и моите родители па и по некоја случајност и моите другари со кои тренирам уживавме на одмор во Црна Гора. Но, претходно на попладневните вести објавиле дека ќе има бура и врнежи, дури и советувале дека неопходно е да се засолниме. Во тие десетина дена решивме да ги отстраниме сите работи што ги правиме секојднено. Да ги тргнеме настрана :  телефоните,  телевизорите и слично. Уживав во морето, другарството и плажата. Тој ден ветрот ги галеше милно нашите лица и личеше како да има некоја топлина во себе. Морето светеше како блескав дијамант, а пак светлината му ја даваше сонцето.     Седмиот ден беше поинаков,ветерот дуваше брзо како брз воз, песокот прскаше по нашите лица, кампот во кој бевме престојувавме беше оддалечен два километра од плажата, па затоа тој ден времето не ни дозволуваше да тргнеме и да се засолниме. Пред да започне невремето си игравме и најдовме една пештера. Брат ми многу се вознемири, јас веднаш ...

Екологија

Image
    Една повозрасна, мудра, жена често знаеше да каже: ,,Светот не треба да се стави во ред. Тој веќе   е во ред. Наше е да се прилагодиме со тој ред.” Тогаш не ја разбирав и дури ми звучеше чудно и нелогично. Тогаш се прашував „зошто“ и не обрнував толку внимание на   природата, на зеленилото кога имаме паркови во градовите, имаме дрва по улиците и зелени површини покрај автопатите. Не ми беше јасно зошто се креваше толкава паника и вложување на толкав напор за зачувување на природата. Некогаш и ќе дојдеа на училиште луѓе и ќе почнеа да зборуваат за нешто наречено Екологија. Екологија, екологија... Многу пати го имав слушнато тој збор но никогаш неможев да му го откријам вистинското значење. Се додека не пораснав. Тогаш  сè   се смени. Почнав да размислувам на поинаков начин. Почнав да прашувам, да се интересирам и обожавав да откривам нови работи. Кога се наближи 21 март, сфатив дека е ден на екологијата.  ,,Екологија, го имав слушнато многу...

21ви Mарт

Image
 21 март првиот ден од пролетта, зар има ли нешто поубаво?  Расцутени дрва, расцутени ливади, потопло време, сончеви зраци и птици в рој. Поминаа студените зимски денови, поминаа горките и врнежливи ветрови, сега доаѓа она време, време кога децата се на ливадите, време кога нема настинки и најважно, време кое е исполнето со топли и пријатни спомени. Детската игра и џагор непрестано ќе бидат присутни, љубовта кон топлото сонце и синото небо никогаш нема да здодее. Разиграните песни на птиците, топлиот појадок и јасното утро отсекогаш биле нешто најубаво. Љубовта кон животните, растенијата, инсектите и екологијата ќе биде непрестано важни за сите нас. Зелените паркови, чистите улици, прекрасните зајдисонца , разработените мравки сето тоа е дел од нас, дел од природата. Па затоа искористи го секој миг исполнет со среќа, смеа, забава и дружба. Бидејќи нема засекогаш да биде разиграно, топло и забавно. Автор: Александра Антовска VII-4 Уредник: Ања Јовановска IX-4

Совршениот пролетен пејсаж

Image
  Пролетта дојде како зрак светлина на тмурно утро. Нечујно се потпре на стеблото на едно дрво, ја затресе својата коса и ги рашири своите магии. Тревата ја доби таа прекрасна зеланкаста боја која сите ја сакаме, облаците се расчистија и на нивно место гордо стоеше небесно синото небо. Денот стана подолг а со него се раширија и нашите мисли за пролетна прошетка во паркот. Кокичињата пркнаа од земјата како мали девојчиња со снежно бели капчиња. Овошните дрвја веќе зелени, натежнуваа од светло розеви кревки цветчиња кои нежно паѓаа на земјата штом ветерот бурно ќе задуваше. Природата доаѓа до својата кулминација во пролет. Највисоката точка. Тогаш е најзелена, најразиграна, највесела. Птиците преселници пак го украсија небото. Мартинка тивко   се вееше од   дрвото, борејќи се со ветерот да остане на своето почестено место   и низ нишките на тенките влакненца да ја зачува промислената желба на детето кое ја оставило таму. Верните птици кои останале во својот крај, ѕ...

Со љубов

Image
                                                 Сонцето изгреваше, благ ветер дуваше низ ливадата исполнета со разни цветови. Уште од изутрина инсектите се вплеткуваа во свежите пупки на цветовите, а луѓето ги береа само најубавите и ги ставаа во кошнички украсени со розево-црвени панделки.    Сите беа подеднакво возбудени, беше 8 Март, Денот на жената. Денот кога целиот труд и посветеност кој го дале жените се вреднува со цвеќе, топла и исполнета душа и насмевка на лицето. Откако убаво се раздени и сонцето чисто се гледаше на синото небо, сите луѓе со своите   цвеќиња набрани за своите најблиски, заминаа да ги изненадат. Остана само уште едно момче во ливадата. Тоа напорно береше и не се отажуваше. Луѓето кои поминуваа наоколу се чудеа и беа воодушевени од упорноста и издржливоста на момчето. Тоа остана таму цел ден, работејќи. При зајдисонце...

Посебно чувство

Image
  Сјајна , црна , вешто изработена гитара стоеше на излогот од   една музичка продавница . Често поминував покрај неа и секогаш копнеев барем еднаш да ја подржам во раце .    Од секогаш ја сакав музиката . Уште од мали нозе балетот ме воведе во таа прекрасна патека на музиката на која што сеуште чекорам . Таа е како посебен свет кој е создаден за компонирање и изразување на нашите чувства преку неа . Гитарата која што беше на излогот беше редок примерок од таа колекција . Тоа ја правеше уште поубава и привлечна . Еден ден поминувајќи покрај продавницата не можев да се воздржам и влегов во неа . Ја побарав гитарата , ми ја дадоа и уште од самиот допир на жиците почувствував нешто . Почнав да свирам мала , лесна композиција , една од моите омилени и звукот којшто го произведуваа жиците беше неверојатен . Секоја жица имаше различна боја и свирењето низ нив ...