Posts

Showing posts from June, 2021

Младите можат: Работилница за квалитет на живот

Image
    Младите можат, под покровителство на претседателот Пендаровски и УНИЦЕФ, денес ја одржа работилницата за квалитет на живот, на која учествуваа ученици од основно и средно образование . Темите кои беа опфатени во оваа работилница се : Ментално здравје Еднакви права/Интеграција и инклузија Искористување на нашиот потенцијал/Можности за млади Превенција и заштита од насилство/Разбирање и заштита од насилство Младинско учество Целта на работилницата беше преку дискусија да се идентификуваат главните проблеми со кои се соочуваат младите во контекст на наведените теми, да се откријат причините за нив, факторите кои можат да влијаат за нивно надминување (самите млади, училиштето, општината, пошироката заедница) и нивната улога во овие области. Водителите на работилницата создадоа многу позитивна атмосфера и нè поттикнуваа активно да споделувавме наши мислења, ставови, идеи и предлози за решавање на пријавените проблеми.  Поминавме интересни, забавни и поучни четири часа,

Младите можат: Работилница за образование

Image
  Под мотото „ Преосмисли ја иднината “ , Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и претседателот Стево Пендаровски, во организација на ННГО Младите можат, организираат работилници на теми кои за младите луѓе претставуваат најголем предизвик : образованието, квалитетот на живот и животната средина. Денес се одржа работилницата за образование, на која присуствуваа ученици на возраст од 12-15 години од повеќе училишта низ Македонија. Преку интересни алатки и интерактивно, ги искажувавме своите идеи и замисли за тоа како би сакале да изгледа образованието денес, но и за 10 години од сега. Дискутиравме за нашите потреби и желби во контекст на образовниот процес, што би сакале да се промени и која е нашата визија за образованието воопшто за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас. Ги детектиравме проблемите со кои се соочуваме секојдневно на училиште, институциите кои имаат моќ да направат промени, а дававме и идеи и предлози на кои начини ние учениците би можеле да се вклучиме

Како ја поминав онлајн наставата

Image
  Во оваа објава ќе имате прилика да го видите цртежот на Јована на  кој е прикажано како таа ја поминала онлајн наставата. И Јована сака да ни каже една реченица која ке ја памти секогаш: Мене ми беше тешка онлајн наставата . но со напор и учење ја надминав и успеав. -Таа сака да каже дека со напор и учење може се да се постигне.      Автор: Јована Антовска                                                                                                                            Уредник: Теа Јордановска                                                                                                                            

Државен натпревар по географија

Image
Државниот натпревар по географија се одржа на 29 мај во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, со физичко присуство. За учество на овој натпревар од нашето училиште пласман оствари ученикот Алексеј Стојановиќ од VIII-3 одделение. Натпреварот беше организиран од Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“, кое награди тројца ученици за освоено прво, второ и трето место, а нашиот претставник доби пофалница. Наградите и признанијата за учениците, нивните ментори и училиштата од кои доаѓаат беа доделени на 4 јуни, на посебна свеченост во УТМ. Автор и уредник: Михаела Димчова VII-2

Фолклорни друштва

Image
Што е фолклор?    Под поимот фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, раскажаната историја, обичаите и се она што го опфаќа културата. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои сите овие жанри се споделуваат. Термините народна музика, народен танц и народна песна се употребуваат од неодамна. Тие се како надополнување на зборот фолклор. Но појавата на поимот ,,народен/фолк “  се поклопува со изливот на националното чувство низ цела Европа, каде што најмногу доаѓа до израз националниот идентитет.  Традиционалните танци, кои се играат во фолклорните дружтва, во секоја држава се развивале со години. Тие танци се развивале со разни облици и утврдени движења. Секоја држава си има своја традиција и култура. И според тоа секоја држава има свое различно гледиште кон фолклорните друштва. Во секоја држава и секое фолклорно друштво се играат различни ора на различен вид народна музика и се носат различни носии. Низ овие фолклорни танци на некој начин се претставува животот и ку

Интересни книги за читање

Image
    Во оваа објава ке имате можност да прочитате интересни книги кои можете да ги читате за летниот распуст. 1-Роња разбојничката ќерка 2-Девојчето со две имиња 3-Силјан Штркот 4-Ветрот во Врбите 5-Двојната Лота 6-Зоки Поки 7-Гоце Делчев 8-Мачки Детективи 9-   Хари Потер и затвореникот од Азкабан/Хари Потер и каменот на мудроса/Хари Потер и одајата на тајните 10-Тајната градина Автор и Уредник:Теа Јордановска VI-3                                                                                                  

Виртуелна средба со нашите онлајн пријатели од Франција

Image
 Ние учениците од седмо одделение кој сме дел од секцијата ,,Франкофонски клуб,, денес имавме средба со нашите оналјн пријатели од училиштето  „Achille Rousson“ во околината на Монтпелје, Франција. Ние учениците подготвивме презентација со која им го претставивме нашето училиште и дискутиравме за тоа што ќе правиме за време на летниот распуст. Тука завршува нашиот проект но, ние сме полни со желба за повторна средба ( во поинакви услови). За крај,  ви го пренесуваме нашето искуство од виртуелната среба во рамките на е-твининг проектот- Виртуелни пријатели. Сара: Оваа денешна дружба меѓу нас и французите мене многу ми се допадна бидејќи повторно се сретнавме на онлајн среба каде што си расменивме социјални мрежи за поголемо дружење за летниот распуст и дознавме поинтересни факти за животот во Франција. Јована : Овој проект на нас учениците од седмо одделение и на учениците од училиштето во Франција ни овозможи чекор кон иднината за запознавање и дискутирање на различни теми за нашите и

Први јуни- Меѓнароден ден на децата

Image
    Денес се  облежува  Меѓународниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.   Права на децата се:   - Семејството е многу значајно за развојот и доброто на детето.                                             -Твоите родители ја имаат првичната одговорност                                                       за твоето воспитување и твојата безбедност.     - Владата ја има одговорноста да стори се што може да обезбеди почитување на правата на детето.                                     - Владата исто така им помага на другите држави да се                           постигне почитување на Конвенцијата за правата на детето.     -Секое дете има право на име и националност .                                                                 -Сите деца се