Од допирот на љубовта секој станува поет

 

Трепет во срцето, забрзано отчукување, разумот отстапува, а срцето ја презема контролата. Љубовта е чудно чувство. Те исполнува, мислиш на неа секогаш...

Во првиот момент кога ќе се почуствува, злото исчезнува. Розови очила ни се наметнати и со нив чувствата стануваат се посилни. Секој го има доживеано тоа чувство. Кон кој и да е, се чувствуваш спокојно во негова близина. Има различна љубов. Љубовта кон уметноста може на многу убав и сликовит начин да се долови. Преку сликарското платно, уметникот, своите чувства ги изразува преку боите, текстурата и начинот на сликање. Композиторот ги доловува со звукот на музиката која допира до срцето. Балерината танцува низ чувствата, а глумецот се внесува во нив. Љубовта кон некоја личност е поразлична. Се забележува секој мал, убав детаљ. Насмевката, отсјајот во очите, искреноста и внатрешната убавина... Секој изговорен збор, секој потег и поглед добиваат големо внимание.

За каква било љубов и да се работи, чувството кое ни го дава е незаменливо и секогаш посебно.

Автор: Ева Серафимовска IX-4

Уредник: Ања Јовановска IX-4



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче