Posts

Showing posts from April, 2021

Интересни факти за поларните мечки

Image
  Тие се многу големи мечки. Возрасните поларни мечки тежат околу 680 кг. Нивната огромна големина и тежина ги прави најголемите живи месојади на Земјата! Женските поларни мечки ги раѓаат своите мали младенчиња во ноември или декември.   Младенчињата се долги само околу 30 сантиметри и тежат околу половина килограм. Крзното на поларната мечка не е бело? Всушност е транспарентно со шупливо јадро што ја рефлектира светлината. Ова им помага на мечките да се мешаат со другите мечки. И Покрај нивната големина поларните мечки се одлични пливачи.Тие можат удобно да пливаат околу 10 km на час. Овие прекрасни цицачи имаат неверојатно чувство за мирис.Всушност, нивното чувство за мирис е толку добро што тие можат да намирисаат плен оддалечени од 16 км! Автор: Никола Стојановски VII-3 Уредник: Сара Ангелова VII-3

Судбина

Image
      Судбина! -Блага или горчелива? Судбина е сила која го определува животот на секој поединец, и која не може да се смени. Но дали некој може да jа предвиди?     Од минатото па се до денес во животот на луѓето останал еден мит. Во него се зборува дека на третата вечер по раѓањето на новороденчето му се одредува судбината на од страна на трите наречници. Но, дали тоа е вистина, останува неоткриено . Дали губењето на блиските личности е судбина? Кога ќе изгубиш некој што го сакаш тогаш судбината од блага ко мед преминува во горчлива, па станува и погорчлива од горко кафе.    Хм, сега се запрашувам дали тие што пијат горко кафе имаат горчлива судбина, но тоа е само моја претпоставка и среќна сум што запознавам луѓе што пијат благо кафе.  Јас  не пијам кафе па не е во ред да зборувам за него. Читам многу книги и енциклопедии. Во врска со судбината во секоја книга ја има поговорката ,,Од судбината не се бега’’. Често и старите ја употребуваат оваа поговорка. Веројатно многу може да

Интересни факти за животните кои не сме ги знаеле до сега

Image
1. Малите слончиња ги цицаат своите сурли, исто како и малите бебиња кога ги цицаат своите палци 2. Ако волкот се одвои од својата глутница, тој никогаш повеќе нема да завива 3. Дабарите постојано мораат нешто да грицкаат, бидејќи нивните заби никогаш не престануваат да растат 4. Зебрите не можат да спијат ако се сами 5. Плавиот кит може да достигне тежина еквивалентна со 40 носорози: неговото срце е со големина на автомобил, а јазикот му е подолг од возрасен слон 6. Кога бебињата панди се раѓаат, се помали од глушец 7. Школките го менуваат својот пол неколку пати во животот 8. Ова пак, нема да ви се верува- Морските коњчиња имаат еден партнер цел живот, а кога патуваат си ги држат опашките 9. Пеперутките чувствуваат вкус од нивните нозе 10. Пингвините ги запросуваат своите партнери 11. Желките можат да дишат преку задникот 12. Делфините спијат со едно око отворено! 13. Зебрите не ја препознаваат портокаловата боја! 14. Комарците имаат заби и тоа дури 47 15. Окото на нојот е поголемо

Знаењето е сила - знаењето е моќ!

Image
       Образованието значи повеќе од едноставно учење. Тоа овозможува луѓето да се развијат како личности. Знаењето е навистина моќ, но што всушност претставува тоа? Дали ,,знаењеʺ е само сето она формално образование кое го стекнуваме за време на школувањето или е нешто повеќе?! Навистина е напорно да ги оделиш вистински потребните информации од оние небитните, посебно со присуството на социjалните мрежи на кои секој може да пренесе било каква информација... Нашето образование почнува од многу рана возраст. За прв пат се среќаваме со учењето преку игра во градинка, потоа продолжуваме во задолжително основно и средно училиште, а потоа следи и факултет. Поминуваме околу 16 години од нашиот живот во формалното образование . Сите знаеме колку е важно образованието, бидејќи родителите постојано ни велат дека треба да учиме и да имаме одлични оценки. По нашиот животен пат се сретнуваме и со поговорките како:   ,, Разбудете ја страста кон учењето. Ако го направите тоа, никогаш нема да

Зошто треба да читаме книги ?

Image
                                                             Книги треба да читаме бидејќи некои можат да н è направат среќни понекогаш, може да нè насмеат дури и може да нè растажат, тие можат и да ни ја разбудат креативноста, можат исто така и да нè опуштат додека читаме. Еве неколку предлoзи за читање, интересни книги кои мене ми се допаѓаат: ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП ЛОВЕЦ НА ГЛУВАРЧИЊА ХАЈДИ МАРТА АГАТА ОДЛИ РОБИНЗОН КРУСО ПЕТАР ПАН ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА Автор и уредник: Теа Јордановска VI-3

Едно зимско утро...

Image
       Ноќва беше голем студ.   Небото сосем јасно,  улиците натрупани со снег,  секоја куќа украсена со разнобојни сјалички кои ја  осветлуваат оваа темна зимска ноќ. Се враќам доцна дома. Студот како да  ме боцкаше со тенки иглички по писките. Еве ме сега веќе во топла соба. Земам книга да прочитам некоја страница пред спиење. А потоа уморот ме совлада и паѓам во длабок сон... Настапи утрото. Штотоку  излезените, сончеви зраци ме погалија по лицето. Моите родители и сестра ми сите спиеја. Сакав малку да се прошетам, да излезам на раниот свеж воздух, па затоа земав и изедов една банана како доручек, се облеков топло, напишав ливче на мајка ми и татко ми дека сум излезена на свеж воздух  и тргнав. Се упатив кон паркот бидејки тој беше најубав во зимата! Дрвјата облечени во бело, езерцето личи на блескав кристал, патчето сега покриено со снег е одлична тркачка патека со санки. На една од клупите го забележав... Мојот симпатија! Оваа утринска прошетка стана уште поубава. Се чуствував ка

Пролетен пејзаж

Image
     Една од најубавите теми за која можеме да напишеме некој интересен состав е пролетта.     Веќе топлите сончеви зраци ја милуваат раззеленетата природа. Расцветаните дрвја и даваат посебна убавина. Во зелената трева разнобојните цвеќиња ја шират својата опојна миризба, затоа и веселото црцорење на птиците го повикуваат благото ветре да прошета низ ливадата. Пчелките сега слободно можат да си ја работат својата улога кај цветовите, а тие пак среќни им ги отвараат ширум листовите. Знаат дека пчелките ќе им го соберат нектарот за да има мед, но и дека ќе може да се добијат уште разнобојни цветчиња. И поточето, кое во близина на ливадата разиграно и нежно ги потпрскува со своите бранчиња, давајќи им до знаење дека се многу убави. Поточето мирно и спокојно си жубори и не сака да ја уништи таа среќна идила. Шаренилото од бои го надополнуваат и туку што новосоздадените пеперутки. Секоја пеперутка е убава за себе, како уникатни примероци на разиграната ливада. Затоа никогаш немој да

Нашето училиште- Дане Крапчев

Image
  Колку и да е старо училиштето, сепак за мене е најдобро и најубаво!   Автор: Ана Милановска VII-3  Уредник: Сара Ангелова VII-3

Патот кон успехот - Интервју со Катерина Ивановска

Image
  Добар ден на сите!  Денес  ќе ја запознаеме Катерина Ивановска од Скопје.  Па ајде  да започнеме со првото прашање.               Добар ден Катерина. Дали ќе може најпрво  да ни се претставите? *Да секако. Јас се викам Катерина Ивановска, имам 40 години и јас сум магистар по менаџмент на човечки ресурси.  Вработена сум во британската фирма Johnson Matthey  .   Дали имате некои спомени или сеќавања   од  oсновно училиште кои ви оставиле посебен впечаток? * Многу убави сеќавања се тие. Со задоволство се сеќавам на учителката Дивна, другарите, екскурзиите, играорната секција, одев во тогашниот оркестар на „Дане Крапчев“ и добивме награда односно освоеното прво место на републичкиот натпревар. Осумте одделенија поминаа многу брзо а останаа сеќавњата и сликите што сеуште ги чувам.         Како сте го продолжиле понатамошното школување  кога го завршивте своето образование во „Дане Крапчев“? * По основното продолжив во гимназијата „Орце Николов“, па на Правниот Факултет, потоа бев

Кога срцето пишува...

Image
  LOST LOVE   My brain says NO but my heart says YES. Where should I go? I lost control. He is a dangerous boy I don’t know were he stands Should I go? Should I risk? Or should I stay, alone. Please, lead me the way I know I'm lost in his love. His smile makes me wanna fly Deep down I know he's a bad guy I've already been tossed, Babe, I'm lost. When he looks at me I melt Darling, what have you dealt? Tell your friends it was nice to meet them, But I hope I never see them again. I keep staring at a single dove And deep down I know I’m lost in his love. My heart has been chasing you for 2 years Losing you were my biggest fears. My brain says NO but my heart says YES. Where should I go? How will this story end? Уредник и Автор:Ања Јовановска VII-4  

Патот кон успехот

Image
Рубрика – Патот кон успехот     Почитувани наставници, со оваа рубрика ќе се обидеме да Ви донесеме радост потсетувајќи Ве на некои од вашите некогашни ученици кои денес се почитувани и успешни луѓе во различни области од нашето живеење : доктори, менаџери, економисти, музичари, самостојни бизнисмени.....      Вие, како мошне значаен дел од нивните животни приказни, со својот пример и работа секако сте вградиле одредени етички и морални норми, воспитни и образовни компоненти, сте мотивирале, сте пружиле љубов или сте ја поттикнале кон нешто истата со што станувате директни   учесници во поставувањето на темелите на секоја успешна приказна. Веруваме дека секој од Вас посакува да знае каде се, што прават или што постигнале денес Вашите   поранешните ученици.     Сакаме исто така да ве поддржиме и мотивираме дополнително, пркосејќи им на сите искушенија да продолжите со истата љубов да ја работите вашата најблагородна професија.     Благодарение на Вас – сеачите на знаења и поната

Работилница „Ученички активизам и застапување“

Image
  Третата и последна работилница од обуката за ученичко учество која се организираше во рамки на проектот „ И јас имам глас “ се одржа вчера, на 22 април, под наслов „ Ученички активизам и застапување “ . На оваа работилница се запознавме со формите на ученички активизам како што се волонтирањето и вклучувањето во граѓанските организации. Научивме дека преку младинскиот активизам можеме :   да добиеме нови животни и работни искуства   да стекнеме нови вештини и знаења да научиме да бидеме одговорни да придонесеме за доброто на заедницата во која живееме Научивме како правилно да ги застапуваме правата на учениците како членови на Ученичкиот парламент, и преку кои процеси и начини да ги постигнеме посакуваните промени во училиштето и пошироко во општеството. Беше вистинско задоволство да се присуствува на трите работилници. Се дружевме, активно соработувавме во пријатна атмосфера и многу научивме од љубезните и секогаш ведри предавачи. Им благодариме за новите знаења и

Светски ден на книгата

Image
  Денешниот ден 23 април е празник на книгата. Светскиот ден на книгата е прогласен од УНЕСКО во 1923 година, како ден во кој треба да се промовира читањето. Со читање книги влегуваме во светови кои не можат да се видат со детските очи, туку можат да се доживеат само во нашата фантазија. Јас кога читам книга имам доживување како да гледам филм, секое дејство од книгата како да се движи на филмска лента пред мене. Ги гледам карактерите од книгата како се облечени, можам да им ја слушнам бојата и интонацијата на гласот, да го осетам мирисот на храната која се опишува... Кога читаме ги развиваме нашата фантазија, креативност, емпатија, се забавуваме и уживаме. Во моментов ја читам книгата „ Ереб “ од австриската писателка Урсула Познански, возбудлив трилер за опасностите кои ги демнат децата во виртуелниот свет на компјутерските игри. Да го одбележиме овој ден така што секој од нас денес ќе прочита барем триесетина страници од некоја книга, а тоа да не биде задолжителната училишн