Posts

Showing posts from July, 2021

Се отворија летните олимписки игри Токио 2020

Image
  Денес на националниот стадион во Токио се отворија 32. летни олимписки и параолимписки игри. Логото на овогодишните ЛОИ е Токио 2020 заради тоа што требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата беа одложени за ова лето. Церемонијата на отворањето беше многу поскромна и поразлична од оние спектакуларни и раскошни свечености на кои сме навикнати и на кои учествуваа буквално илјадници учесници, уметници и спортисти.  Иако некои мислат дека стадионот во Токио одекнувал заради отсуството на публика и признавам, тажно беше да се гледа тоа грандиозно здание со капацитет од 80 000 луѓе празно, сепак, Јапонците тоа отсуство вешто го надополнија со креативност и брилијантни идеи.  Целото шоу изобилуваше со сјајна светлина, бои, технологија, програмирани дронови, роботика, електронска технологија, спортски реквизити, огномети, музика, видеоанимации и многубројни учесници кои со своите перформанси успешно испратија пораки за мир, инклузија, разноликост, солидарност, прифаќање...

Едно поинакво лето

Image
    Да ми кажуваше некој дека едвај ќе чекам да заврши распустот, ќе му се изнасмеев во лице. Па, сите знаат дека летото е најомилено годишно време на учениците, бидејќи тогаш сме слободни од секакви обврски. Кога ми заврши и последната училишна активност, планирав цело лето да го поминам во излежување и безделничење. Да играм со другарите онлајн, да играм кошарка, да спијам, да јадам сладолед, да гледам Јутјуб, да спијам, да седам до доцна надвор, да се дружам, да спијам... Сфативте дека планирав многу да спијам , нели? Но, моите родители имаа поинаква замисла. Уште кога се врати мајка ми од Белградскиот маратон кој се одржа на 6 јуни, ми најавија дека летово ќе имаме гости од Србија, нивни пријатели кои имаат ќерка на моја возраст. Јас, се разбира, како типичен тинејџер само превртев со очите, но кога ми кажаа дека со нив ќе одиме 15 дена во Охрид веќе почнав сериозно да негодувам. Како го замислуваат тој одмор? Тие да се дружат со пријателите, а јас да ја забавувам нивната ќерк

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Image
  Општина Гази Баба со помош на млади ентузијасти и актери го реализираше проектот „Тумбуфафа и истражувачите“, за децата да можат понепосредно да се запознаат со убавините на нашата општина. Денес гостин на блогот ни е младиот и талентиран актер Андреј Лефтеров, кој во серијата го глуми ликот на Давид. Тој малку подетално ќе ни раскаже за неговото искуство во оваа мини-серија за деца.  1.    Здраво Андреј, како си? Како ти поминува летниот распуст? -    Здраво и од мене, одлично сум, конечно сме на распуст, нема тестови, нема испрашување, нема домашни задачи. Летниот распуст ми поминува забавно, спијам до колку сакам, немам обврска да станам рано за да се приклучам на Teams, поголемиот дел од денот го поминувам надвор со другарите. 2.    За почеток кажи ни што значи Тумбуфафа и која е целта на проектот? Дали ти лично научи нешто ново од оваа серија за деца? -    Под тоа име глуми главниот лик во серијата - истражувачот. Нема некое посебно значење, туку звучи интересно со цел да го при