Настава во природа-Охрид II
На вториот ден од настава во природа (09.05.2023) и покрај ситниот дожд го посетивме Охрид, градот на бисерите. Ја посетивме куќата на Робевци, која денес е познат музеј во Охрид. Во него се изложени предмети, накит и облека од п.н.е и од н.е. Во него е изложена една од шестте фамозни златни маски
Ја посетивме црквата Св. Софија кој поминала низ бројни реставрации. По патот застанавме до амфитеатарот и дознавме за неговото користење во античкиот период. Го посетивме гробот на познатиот поет Григор Прличев. Се упативме на Плаошник и му оддадовме почит на Климентовиот гроб, важна личности во македонската историја и за постоењето на македонската азбука. Го посетивме Канео, црква што има најубава местоположба во светот. Поради дождот кој стана се посилен ние моравме да се вратиме во хотелот.
Автор: Ангелина Трпковска V-1
Уредник: Михаела Димчова IX-2