Posts

Showing posts from September, 2022

Песна за македонскиот јазик

Тој е како бисер сјаен на сонце светка и блика, тој е еден светол јазик, јазик македонски се вика. Дали ти македонско чедо што го зборуваш јазикот на баба и дедо, го негуваш и чуваш јазикот свој, знаеш ли колку вреди тој? Вредноста негова е голема, поголема и од небото ширно и од планините, патиштата, поголема од езерото мирно. Македонскиот јазик е бескрајно вреден без него ти немаш гордост без него ти си туѓинец беден. Треба да се знае како прво: ние не сме без корен дрво имаме свое, македонско семе, имаме јазик од дамнешно време. Автор. Ана Милановска IX-3 Уредник: Сара Ангелова IX-3

Љубов

Image
  Љубов                    Љубов... Што е тоа љубов? Какво значење има љубовта? Дали некогаш ќе ја почувствувам? Да, љубов, она кога се будиш секој ден со помислата дека некому  си потребен, она кога само една личност те исполнува целиот и те прави среќен.               Таа има повеќе значења. Кога бев мала мислев дека љубов е нешто како на цртаните, кратко и јасно. Не, љубовта е всушност еден голем поим, мал збор а сепак исполнет со многу емоции и чувства. Таа ја носи најголемата среќа, фантазијата, чувството дека не си сам, илузијата да мечтаеш за нешто скапоцено во животот. Таа е мирис на илјада цветови. За жал, може да биде и сурова. Да те измами и да те урне целосно. Секоја пеперутка во стомакот да ја убие, секое жарче да го згасне, да те смени и направи безчувствителна личност. Што ако јас завршам така? Што ако не ја пронајдам мојата љубов и останам сама? Се тоа е само “ што ако “ , исплашено чувство кое буни и зашеметува. Иднината ќе го каже своето, а јас до тогаш ќе се

Moите летни авантури

Image
  Моите летни авантури Седејќи во училишните клупи учениците го слушаат последното училишно ѕвонче. За некои е последно во тоа училиште и токму за нив животот врти нова  возбудлива страница. Следат три месеци полни среќа, три месеци полни другарување, следат три топли месеци, следи летниот распуст. Нема дете кое не го сака распустот што следи. Токму кога излегов од училишната зграда моето срце го исполнија насмеаните лица на децата околу мене. На полиците на кои беа книгите поставив рамки за слики на кои ова лето ќе стојат фотографии од летните авантури. Додека размислував за сите работи кои ќе ги правам ова лето дојде време да почнам да се пакувам за истите. Понесов многу гардероба, но се вратив со уште повеќе фотографии и убави спомени. Се вратив од земјата на пицата, тестенините и виното, се вратив од Италија. Во Рим ги поминав најубавите денови од месецот Јули. Покрај тоа што во Италија ми беше многу убаво прекрасно си поминав и во Грција каде со моите родители поминавме пет многу

Како јас го поминав летниот распуст?

Image
 Како јас го поминав летниот распуст?         С ите деца едвај чекаат да дојде летниот распуст, бидејќи тој носи нови авантури, нови искуства, уживањето во летните утра, кратките ноќи...                   Убаво е чувството кога ќе се најдеш покрај белите облаци, високо високо над земјата, погледот нуди прекрасни глетки . Претпоставив дека оваа авантура ќе ја паметам до крајот на животот. Мирната природа, тивкото пеење на птици. Покрај овие доживувања го посетив планетариумот во Германија. Тој се наоѓаше во еден парк долг осум километри, полн со жив свет и живописна природа. Од сите страни врвеа луѓе. Местото беше како во бајка, со вискоки дрва и многу животни. Покрај тоа се збогатив со многу нови знаења.                               Прекрасно патување, но нема да застанам тука, летото сеуште беше пред мене, место за нови авантури и нова јас.   АВТОР: Јована Павлова 8-2 УРЕДНИК: Катарина Пислевиќ 8-2

Возбудлив летен распуст

Image
  Возбудлив летен распуст         Ѕррр ... Заѕвони последното ѕвонче за оваа школска година. Со нетрпение го чекав овој момент. Чувство на среќа и возбуда. Сите скокнаа од училишните столчиња и се упатија кон нивните домови. За момент, училиштето стана најтивкото, осамено место.    Почна летниот распуст. Почна летото. Започнаа игрите на песок и во вода, враќањето доцна навечер дома, смешките и летните дружби, стекнувањето нови пријатели, првата љубов и чувството на слобода, мир и среќа. За ова лето, јас имам желба да се возам на брод и да ги гледам убавините на морето. Сакам доцна навечер, по полноќ, да лежам покрај мирното море и да ги гледам ѕвездите. Едноставно сакам се да е како на филм. Да не ми е грижа за ништо. Сакам летово да се помни, да направам што повеќе спомени. Цело лето и сите убавини се пред нас, сега се започнува.       Лето, нешто што те прави среќен, и го решава секој проблем. Нешто што од толку убавини поминува додека да трепнеш, нешто што никогаш не се заборава и

Завршен настан на УСАИД

Image
      По повод завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, реализиран од страна на Младински центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ) нашето училиште доби покана да биде гостин на една таква прекрасна манифестација. Манифестацијата се оддржа на 21 септември (среда) во просториите на хотелот Александар Палас.                                                Од нашето училиште земаа учество 12 ученици кои го претставија училиштето во најубаво светло и несебично ги споделуваа своите идеи.     Во изминативе 5 години проектот работеше со институциите и со сите основни и средни училишта низ државата со цел да се зајакне меѓуетничката кохезија во училиштата, граѓанското однесување на учениците и младинското учество.     Обраќање имаа заменик-министерот за образование и наука и заменик шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје.      Најважно од се беше да се поттикне младинското учество и да се иницираат пов