Настава во природа-Охрид I
На ден 08.05.2023г. ние учениците од петто одделение заминавме на настава во природа. Во Тетово ја посетивме Шарената џамија која била изградена во 15 век.
Поминавме покрај планинската река Радика. Следно го посетивме машкиот манастир Св. Јован Бигорски познат по иконостасот изработен од дрво и иконата на Св. Јован. Поминавме покрај женскиот манастир Рајчица и вештачкото Дебарско Езеро. Во попладневните часови пристигнавме во хотелот и се запознавме со околината.
Автор: Мила Николова V-1
Уредник: Михаела Димчова IX-2