Колку ни е важна приватноста?
Ние младите - за среќа или за несреќа - живееме во дигитално време, во ера на размена на лични податоци како никогаш порано во историјата на човештвото. Приватноста речиси и да не постои. Не само младите, туку и возрасните и компаниите се изложени на собирање, складирање и обработување на личните и деловните информации на легален и на нелегален начин, без да се воопшто свесни за тоа. Од овие причини, Советот на Европа ја препознал потребата на глобално ниво да се зголеми свесноста за важноста од почитувањето на приватноста, заштитата на податоците и овозможување доверба помеѓу индивидуалците и колективите. На 28 јануари 1981 година била потпишана Конвенција за заштита на поединците од автоматско процесирање на нивните лични податоци. До денес документот го потпишале 47 европски земји, САД, Канада, Израел и Нигерија. Од тој датум, 28 Јануари секоја година се одбележува како Меѓународен ден за заштита на податоците . Конвенцијата постојано се надградува за да ги опфати сите промени