Posts

Showing posts from August, 2021

Книги кои ги прочитав за време на летниот распуст

Image
  По напорната учебна година летово сакав да се одморам со книги кои ќе ме релаксираат и забавуваат, без многу напрегање и размислување. Ова беше мојот избор : 1.     Очи на темнината – Дин Кунц Дени е тинејџер кој заминува во извиднички камп со својата група и водичот, но по пат доживуваат сообраќајна несреќа во која никој не се спасува. Една година подоцна, на неговата мајка Тина почнуваат да ѝ се случуваат необични работи кои ниту еден рационален ум не може да ги објасни. Дали овие настани се на некој начин поврзани со Дени? Како е тоа возможно, ако тој загина пред една година? Тина почнува да ги следи и истражува овие нелогичности и необјасниви феномени и доаѓа до шокантни откритија. Овој роман припаѓа на жанровите мистерија, парапсихолошки трилер и научна фантастика. Зборува за надежта, вербата и истрајноста, сили кои н è движат во моменти кога мислиме дека с è е изгубено и н è мотивираат да го слушаме нашиот внатрешен глас кој никогаш не лаже. 2.     Нож – Ју Несбе П

Прошетка во Горенци, Дебарско

Image
  Си има таму во Дебарско едно малечко селце по име Горенци. Се наоѓа на планината Стогово, високо над преубавото Дебарско Езеро, каде што воздухот е секогаш чист како утринска роса. Затоа што се наоѓа на планина, зимите во Горенци се остри, ладни и под дебела снежна покривка. Селото има две маала : Горно Маало и Долно Маало и не е многу населено. Затоа таму е многу мирно и тивко, а тоа ми се допаѓа. Времето е речиси секогаш сончево, но зимно време е доста ладно и ако не се внимава лесно може да се настине. Нашата куќа, која дедо ми ја купил од љубов кон неговите предци и преубавото место, се наоѓа во Горно Маало и поради тоа има прекрасен и многу широк поглед. Кога ќе погледнам налево од прозорецот во дневната соба погледот се простира над Дебарското Езеро сè до браната Шпиље и патот кон Струга, надесно до местото каде што брзата и бистра река Радика се влева во езерото, а напред се гледа целото езеро, градот Дебар и планините во Албанија од другата страна на границата. Кога е т