Бадник во ноќта
Тивко, тивко како лесната светлина од ѕвездите, јазејќи се по куќите и зградите дојде и Бадник и ги разбистри деновите. Коледарски песни беа будилникот на тогашното утро а малата Емилија скокна од креветот слушајќи го нивниот ѕвон. Трчкаше по скалите и беше добредојдена со песната на мајка ѝ во кујната која спремаше костени, ореви и други плодови за младите коледарчиња. Жената успеа да изусти добро утро пред да тргне низ холот за да стигне до предната врата. Емилија се заврте во круг додека ја гледаше куќата. Мирисаше топло, на печени костени, елката гордо стоеше во аголот и светкаше предизвикувајќи лампионите да изгледаат уште по привлечно и убаво. Се слуша крцкање на подот и со едно вртење гласот на тато е звукот што ги исполнува ушите на младото девојче. -Еми, ладно е а ти во пижами си. Време е да се почне денот, мила. Девојчето кимнува и како на трка оди во својата соба и се спрема за денот кој изгреал. Мирисот на цимет ѝ ги исполнува ноздрите, часовникот одчукува а