Posts

Showing posts with the label Спорт

Фудбал

Image
  Автор: Леонид Стамчевски VIII-2 Уредник: Михаела Димчова VIII-2

Ракомет

Ракомет  — екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум натпреварувачи (шест играчи плус еден голман) чија цел е да се постигне повеќе голови од противникот со рака. Стандарден натпревар се состои од два периода од 30 минути, а екипата која постигнала повеќе голови, победува во натпреварот. Современиот ракомет се игра на терен кој е широк 40 метри, а е долг 20 метри, со гол на средина на секој крај од теренот. Головите се опкружени со зона од 6 метри каде што е дозволен пристап само на одбранбениот голман. Головите мора да бидат постигнати со фрлање на топката надвор од зоната. Ракометот обично се игра во затворено, во сала. Машк а ракометната репрезентација на  Македонија, ја претставува нашата земја  на меѓународните  ракометни   натпреварувања  во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на  Ракометната федерација на Македонија .   Машката ракометна федерација  во  продводена од Кире Лазаров  се  избори...

Се отворија летните олимписки игри Токио 2020

Image
  Денес на националниот стадион во Токио се отворија 32. летни олимписки и параолимписки игри. Логото на овогодишните ЛОИ е Токио 2020 заради тоа што требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата беа одложени за ова лето. Церемонијата на отворањето беше многу поскромна и поразлична од оние спектакуларни и раскошни свечености на кои сме навикнати и на кои учествуваа буквално илјадници учесници, уметници и спортисти.  Иако некои мислат дека стадионот во Токио одекнувал заради отсуството на публика и признавам, тажно беше да се гледа тоа грандиозно здание со капацитет од 80 000 луѓе празно, сепак, Јапонците тоа отсуство вешто го надополнија со креативност и брилијантни идеи.  Целото шоу изобилуваше со сјајна светлина, бои, технологија, програмирани дронови, роботика, електронска технологија, спортски реквизити, огномети, музика, видеоанимации и многубројни учесници кои со своите перформанси успешно испратија пораки за мир, инклузија, разноликост, солидарност...

10 интересни факти за фудбалот

Image
  Фудбал е тим ска игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден фудбалски натпревар регуларно трае 90 минути, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. А сега следуваат 10 интересни факти за футбалот. 1.Фудбалот потекнува од Кина како традиционална игра 476 години пред нашата ера и е наречена Кују. 2.Фудбалерите трчаат приближно по 9,65 километри во текот на натпреварот. 3.Повеќе од 80% од фудбалските топки во светот се произведуваат во Пакистан. 4.Најголемиот фудбалски турнир се одржал во Бангкок во 1999 година и учествувале 5.098 тима и вкупно 35.000 играчи. 5.Првиот професионален фудбалски натпревар беше одигран во 1869 година помеѓу Рутгерс и Принсетон. 6.Најбрзиот гол е постигнат на 26 Декември 1998 година од страна на Рикардо Оливера за само 2,8 секунди од почетокот на натпреваро...