Среќен патронен празник, патрону наш!
Во едно студено и магливо февруарско утро
Беше роден вистински херој, храбар борец,
кој не може да го опише ни најдобриот творец.
Со борбен дух и желба искрена, чиста
го следеше своето мото.
И велеше: ,,По
бурата секогаш се појавува светлинатаʺ.
А, тој пак падна, во
прегратка на темнината.
Закопан во пазувите на планината,
светлина ѝ подари на татковината!
Денот кога гората те пречека го славиме,
и името Дане Крапчев никогаш
нема да го заборавиме!
Автор и уредник Ања Јовановска IX-4