Posts

Showing posts from March, 2022

Со убав збор до посакувана цел!

Image
             Сите сте ја слушнале поговорката дека убавиот збор железни врати отвара. Јас само би додала дека секој збор треба да биде во склад со нашите дела.      Знаете убавиот збор не вреди ништо ако не е кажан искрено, ако не се верува во него и ако постапуваме спротивно од кажаното. Кога ќе го усогласиме процесот на исполнување на зборовите преку нашите акции, тогаш значи дека сме доследни на себе и можеме да се наречеме „луѓе од збор“. Сигурно ви текнува на некој во нашата околина кој едно мисли, друго зборува, а трето прави. Дали можете да му верувате на таков човек? На човек што не си ги исполнува ниту сопствените зборови, ниту ги усогласува мислите со сопственото верување и постапки? Сигурна сум дека секому барем еднаш му се има случено да си го згази сопствениот збор поради одредена причина. И што се случува тогаш? Некој ќе се измачува и ќе се прекорува до бескрај зошто постапил така, а на некој нема да му биде воопшто грижа и ќе го направи тоа уште неколкупати без грижа на

1 април- Ден на шегата

Image
  Денот на шегата - кој се слави на 1 април секоја година се слави неколку векови од различни култури, иако неговото точно потекло останува мистерија. Првоаприлските традиции вклучуваат играње измами или практични шеги со другите, често викајќи „Aприлилили!".Масовните медиуми можат да бидат вклучени во овие шеги, кои како такви може да бидат откриени следниот ден. Денот не е државен празник во ниту една земја освен Кипар кој е национален празник (иако не за 1 април, туку за празник наречен „Национален ден на Кипар“), Одеса, Украина и први април е официјален град празник. Обичајот да се одвои ден за играње безопасни шеги со ближниот е релативно вообичаен во светот историски.                                   Автор и уредник: Сара Ангелова VIII-3  

Иднината на човековата раса

Image
      „Стекнувањето богатство не е повеќе движечка сила во нашите животи. Работиме за да се подобриме себеси и остатокот од човештвото“, кажа капетанот Жан-Лук Пикард во една епизода од научно-фантастичната серија „ Ѕвездени патеки “ . Токму вака ја замислувам иднината на човекот. Желбата за лично богатење и натрупување на материјална добивка е заменета со хумани вредности. Луѓето работат за да се унапредат себеси и своето општество, за личен раст и развој и за доброто на сите живи суштества. Не постојат војни, сиромаштија и глад. Медицината е толку напредна, што има лек за речиси секоја болест. Сите деца имаат еднакви можности за живеење, растење, учење и развој, и секое дете добива подеднаква шанса да ги оствари своите потенцијали. Нивните права се почитуваат и тие се не само декларативно, туку и вистински најголемото и најскапоценото богатство на човекот. Главни движечки вредности на човештвото се хуманоста, помагањето, соработката, емпатијата и прифаќањето на различностите. Не