МАЈЧИН ЈАЗИК


 

Да зборуваш, да кажуваш и раскажуваш,

значи да говориш.

Да говориш, значи да имаш јазик свој,

мајчин јазик.

Јазик од дедовци и прадедовци,

од предци дамнешни.

 Од колено на колено, од генерација на генерација пренесуван,

граден, чуван и заштитуван.

Јазик најубав, највреден, најзвучен, најмоќен !

Идентитет на една нација и земја, нација своја,

а предизвик, интерес и желба за други

 да го научат, осознаат и запознаат.

 

Да имаш свој, мајчин јазик е богатство најголемо, непроценливо.

А да го негуваш, заштитуваш и да го сочуваш

и на идни генерации да го предаваш,

значи бесценето богат си,

па несебично и другите збогатувај ги !

 

Не е важно каде си, што си, со кого си

јазикот мајчин секогаш и секаде да го говориш,

со него да се гордееш и китиш.

Децата свои уште од колевка со него да ги заспиваш и будиш,

со него да ги растеш и воспитуваш,

најубави песни и уки да им даваш.

Да ги израснеш со нивниот јазик, македонскиот

и луѓе големи да ги сториш.

Да знаат кои се, од каде се, корените свои да ги знаат.

Вредноста нивна која е, кога гордо на мајчин јазик говорат низ светот бел.

А сите, со очи широко отворени да ги гледаат и слушаат

небаре без превод ги разбираат и чувствуваат.

 

Е тоа е големината, и длабочината, и силата на говорот,

убавината и моќта на својот, мајчин јазик.

Нема ништо потешко тоа да ти го забранат, да ти го оспорат или одземат,

а наспроти тоа пак,

нема ништо поубаво да говориш на свој јазик секогаш и сегде, 

секому да се спротивставиш, и своето да го сочуваш и одбраниш.

 

Само со почит, љубов и труд тоа ќе го сториш !

Затоа зборувај, учи и пишувај на свој јазик

зошто ако јазик немаш, ништо не си !




 


                                                                      Автор:  Горазд Стојановски IX-4 одд.

Уредник: Ања Јовановска IX-4 одд

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче