Опис на природна појава
Се беше прекрасно, јас и моите родители па и по некоја случајност и моите другари со кои тренирам уживавме на одмор во Црна Гора. Но, претходно на попладневните вести објавиле дека ќе има бура и врнежи, дури и советувале дека неопходно е да се засолниме. Во тие десетина дена решивме да ги отстраниме сите работи што ги правиме секојднено. Да ги тргнеме настрана : телефоните, телевизорите и слично. Уживав во морето, другарството и плажата. Тој ден ветрот ги галеше милно нашите лица и личеше како да има некоја топлина во себе. Морето светеше како блескав дијамант, а пак светлината му ја даваше сонцето. Седмиот ден беше поинаков,ветерот дуваше брзо како брз воз, песокот прскаше по нашите лица, кампот во кој бевме престојувавме беше оддалечен два километра од плажата, па затоа тој ден времето не ни дозволуваше да тргнеме и да се засолниме. Пред да започне невремето си игравме и најдовме една пештера. Брат ми многу се вознемири, јас веднаш се сетив на пештерата и почнав да трчам