Нашиот патрон-Дамјан Јованов Крапчев

 

Дане безброј цветови пораснаа во твојата градина, безброј топли и темни дни поминаа. Сите овие цветови почнаа да цутат, а со тоа ја напуштија и градината и почнаа да чекорат кон големото и безбројно поле. Но, никогаш нема да се заборави таа топла градина во која ги доживееавме среќата и тагата. 

За многумина ти, Дане си само еден херој познат од историјата. Но, за нас ти си личност со големо срце, со голема храброст и борба за сопственоста. Сите ние сме горди што учиме во ова училиште кое го носи името на еден великан. На ова место станавме луѓе со голема свест, почит, труд и љубов. Горди сме на она што си го постигнал и за она што си се залагал.

Дане сите твои големи дела засекогаш ќе ги паметиме, а ние ќе ги пренесуваме на наредните генерации. Со голема љубов, труд и голем број на постигнати успеси ние, Дане те истакнуваме во најдоброто светло.


Честит патронен празник! 





Автор: Ана Марија Стамчевска IX-3

Уредник: Сара Ангелова IX-3

 




Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров