Posts

Showing posts from May, 2022

Пролет во скопје

Image
  Бакнежот на новата пролет ми ги разбуди мислите за нова прошетка.Одамна не сум чекорела покрај Вардар. Посадените цветови го разувуваат амбиентот а архитектурата впливува во мене патериотско чуство. Иако е доста загадено, сепак проллета ги исполнува своите магии. Жуборењето на Вардар ме оттргна од негативните страни на загадувањето и ме пресече. Низ целата слика се одвои нашиот најпознат воин на коњ- Александар Македонски. Поминувајќи низ плоштадот забележав секакви лица. Од ококорени туристи до стари брчкави очи кои наишле да земат здив. Се доближувам до Рекорд. Маса на луѓе зборувајќи англиски поминува сликајќи се покрај куќата на Мајка Тереза. Во мислите се вметна и сликата на таа храбра фигура која засекогаш остана во сеќавањата иако сега ја нема. Остави длабок белег на луѓето. Позитивен. Сонцето срамежливо блееше низ облаците, но како минуваа минутите полека ги одкриваше своите сончеви зраци. Дрвјата беа конечно разеленети. Сликата беше конечно пошарена. Вкусот на новата проле

Свети Кирил и Методиј

Image
  Свети Кирил и Методиј - македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. Успешно ги завршиле доделените тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор мисијата кај  Сарацените  ( Арапите ) во  Багдад , која како и  Хазарската  и  Моравската мисија  претставувале дел од политичката програма на  Византија , чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени,  Бугарите ,  Русите  и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во  Исус Христос , тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓ

24 мај- Св. Кирил и Методиј

Image
                                                       Автор: Сара Ангелова VIII-3    Aвтор: Јана Ангелова III-3 Уредник: Сара Ангелова VIII-3

Поезија на тема „Бели гулаби за сите деца во светот“ од VI-1 и VI-4 одделение

Image
    Децата се среќни кога сонцето силно грее и кога славејот убави песни пее.    Децата сакаат безгрижно да растат, да се смеат и весели песни да пеат.  Децата се како бели гулаби во шир со единствена порака „Да растеме во слобода и мир“.   Автор: Дарјан Митревски VI-1      Имам јас имаш и ти, во раката гулаб бел. Тие ќе го освојат светот цел, пораката за мир од нас е дел. Дали има потреба од крв и војни, заземање територии големи бројни? Мирот е најпосакувано нешто, треба да се чува и негува вешто. И јас и ти да бидеме дел, од поубав поразигран свет бел. Наместо со оружје со знаење да војуваме, територии за дружење да освојуваме.   Автор: Христијан Г. Ивановски VI-1         Два гулаби бели, два цвета во градина, две душички невини... Во срце ве носам и љубов ви дарувам. Иднината ви ја постилам со прекрасни рози, за да чекорите по патот на среќата и радоста и ја осознаете убавината на животот... Гулаби мои бели, летајте безгрижно верувајте во себе, и верувајте во љубовта мајчина, наји

Посета на ПСУ „Алгоритам“

Image
  На покана од ПСУ „ Алгоритам “ , група ученици од деветто одделение со наставничката по биологија Душанка Китановска и психологот Марина Пазаркоска, денес бевме во посета на приватната гимназија. Посетата имаше за цел да ги збогати нашите знаења и вештини по неколку училишни предмети. Најпрво се запознавме со постапката на дисекција на животни, во случајов правевме дисекција на октопод. Тоа е морско животно што не живее на нашето поднебје, па затоа беше посебно интересно за нас учениците. Ова беше првпат да имаме прилика лично да учествуваме во постапка на дисекција. Потоа, во лабораторијата на училиштето направивме и еден хемиски експеримент во кој ја набљудувавме реакцијата на натриум хидроксид со хлороводородна киселина. Поставивме хипотеза дека кога ќе се измешаат двете соединенија ќе се добие вода и сол (натриум хлорид), и со експериментот тоа го докажавме. Имавме прилика и практично да испробаме виртуелна реалност со специјална опрема за таа намена. Ни беа на располагањ