На час по Дизајн I

На часовите по изборниот предмет Дизајн, за да можеме да ги нацртаме нашите дизајни прво  цртаме модел на човечко тело по пропорција. Една вертикална линија ја делиме на 8 еднакви делови. Првата осмина е главата. Цртаме мал врат. Следните две осмини припаѓаат на трупот. Осмината под него е половината. Останатите четири дела се нозете, поделени на два еднакви дела ( надколена и подколена). Од горниот дел на трупот цртаме раменици како два круга. Од нив две надолжни прави кои се поделени на два еднакви дела. Така го добиваме нашето „човече“. Ако е момче може да се вика Марко, а ако е женско може да се вика Ана.


Потоа на нашето „човече“ цртаме и дизајнираме облека во различни стилови.Можете да видите некои од нашите дизајни. Ако ви се допадне оваа активност може да се обидете и вие. Воопшто не е тешко, а може да биде и итересно. Бидете креативни и свои.
                               

  






Автор: Ивана Ивановска V-1 
Уредник: Михаела Димчова IX-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

Само еднаш сум дете