Posts

Showing posts from May, 2021

Сè што сакам да бидам, III-1 одделение

Image
    Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Творби на II-4 одделение

Image
    Уредик: Михаела Димчова VII-2

Позитивни мисли за време на пандемија

Image
 Oва се некои наши мислења за добрите работи за време на пандемијата Автор: Сара Ангелова и Јована Ивановска VII-3 Уредник: Сара Ангелова VII-3

Моето креативно училиште

Image
  Ние учениците од ООУ ,,Дане Крапчев" во изминатиов период творевме на тема ,,Моето креативно училиште". Создававме творби со кои го обележуваме денот на нашето училиште и му искажуваме почит на нашиот патрон Дане Крапчев.   Ве повикуваме да ги разгледате нашите творби, а се надеваме дека ќе ви се допадат и дека ќе уживате во нив.   Нека ни е среќен патрониот празник! Уредник: Михаела Димчова VII-2

Св. Кирил и Методиј

Image
  Автор: Kреативци

Песна за Дане Крапчев

Image
Песна за Дане Крапчев   Дане Крапчев јунак наш за нас ти се бореше и за победа се молеше.   Во битките храбро одеше дружината своја ја бодреше.   Име ти носиш на храбар партизан македонски борец и наш идеал.   Училиштето наше го носи името твое, а ти секогаш ќе останеш во срцето мое. Автор : Бојана Цветановска VIII-1 Уредник : Теа Јордановска VI-3

Моето училиште - моја гордост

Image
    Иако бев малечок, уште на првиот училиштен ден знаев : овде ќе бидам прифатен, сакан и згрижен, многу ќе учам и напорно ќе работам.   Го видов тоа уште на првиот училиштен ден, во светлите и насмеани очи на мојата прва наставничка и во нејзината топла и цврста прегратка. И навистина беше така : ден по ден, месец по месец, година по година, како ги запознавав моите наставници, во нив го препознавав она што го сфатив уште на првиот училиштен ден : дека за нив сите ние децата сме исти, иако сме различни.   И дека во нивните очи сите сме подеднакво важни , дека треба да се дружиме , но и многу да учиме , заедно да растеме и да ги шириме нашите хоризонти под будното око на нашите наставници.   Многу бараат од нас, но и многу ни даваат : нивното внимание, знаење и мудрост, љубов, грижа и поддршка, посветеност и поттик да бидеме подобри луѓе.   Нивните совети и поуки дека можеме и ѕвездите да ги допреме ако вистински сакаме, де

Ликовни творби на II-2 одделение

Image
Изработка на: Меланија Димитровска                        Изработка на: Јована Џопевска Уредник: Михаела Димчова VII-2                                                                                 

Дане Крапчев

Image
  Училиштето мое со гордост го носи името твое.   Тука учеле многу интересни генерации од многу различни нации.   Дане Крапчев бил храбар борец и на спокојна иднина несебичен творец.   Со радост секое дете овде учи и по училишните ходници пријатна смеа бучи.   Ние учениците го претставуваме твоето име во прекрасно светло што посебно свети, бидејќи секој од нас тоа го вети. Автор и уредник: Михаела Димчова VII-2

Пролет

Image
  Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Песна за Дане Крапчев

Image
  Борец,Партизан, Револуционер бил тој, Дане Крапчев- стари , учесник во НОВ.   Горда сум што учам во ова училиште, самото име е полно со историја,знаења и традиција.   Крапчев бил политички комесар вистински првоборец и спремен за правда в секој час. Автор: Ана Милановска VII-3 Уредник: Сара Ангелова VII-3

Фотографирањето - моето прекрасно хоби

Image
  Јас сум Давид Цветковски, учам во деветто три и се занимавам со фотографирање. Фотографирањето е прекрасно хоби, но и професија. Фотографирајќи се релаксираш и не мислиш на стресот од секојдневниот живот. Речиси две години се занимавам со фотографирање и тоа за мене претставува една од најбитните работи во мојот живот. Сè почна неколку години порано, во шесто одделение на дводневната екскурзија низ Источна Македонија. Тогаш со мојот стар телефон ги фотографирав местата на кои бев. Стариот телефон немаше добра камера, па затоа фотографиите немаа добар квалитет. По една година фотографиите ги поставив на мојот инстаграм-профил. Исто така поставив и фотографии од мојот одмор. Тогаш ми дојде идејата да го работам ова и почнав сè почесто да поставувам фотографии на мојот профил. Со текот на времето љубовта кон ова прекрасн о хоби растеше. Почнав да станувам сè попопуларен и попознат на Инстаграм. Многу мои фотографии беа рекламирани. Немам професионален фотоапарат, па така фотографиите

Дане Крапчев патрон наш

Image
Дане Крапчев патрон наш, стоиш гордо секој час. Првенци на генерации безброј редиш и во секој чекор ги следиш.   Водилка наша си ти, во тешки и лесни дни. Горди сме на подвигот   твој, успех и слава од трудот свој. Автор: Клара Караџоска VII-2 Уредник: Михаела Димчова VII-2

Песна за Дане Крапчев

Image
  Дане Крапчев борец смел за него знае народот цел. Македонски партизан бил тој гордо се борел во секој бој. Ова име важно училиштето мое го носи, среќата во секој од нас благодарно прскоси. Благодарни сме ние борецу наш ќе те паметиме и почитуваме ете баш. Автор:  Алек Јовановски V-1 Уредник: Михаела Димчова VII-2

Нашиот патрон

Image
  Нашиот патрон Дане Крапчев се вика, нашето училиште со гордост блика.   Детска радост, џагор смеа во училишниот двор, насмеани ѕвончиња во училишниот хол.   Еднакви сме сите пред нашиот патрон, на училишните клупи седнати како на трон.   Слога и љубов кај нас царува, со многу работа секој другарува.   Тој е нашиот патрон, а ние му возвраќаме со успеси милион. Автор: Давид Чулев V-1  Уредник: Михаела Димчова VII-2             

Дане Крапчев

Image
Дане Крапчев јунак наш, кој го дал животот за нас. Јунак, партизан, борец бил тој , а сега е најголем идол мој.   Дане Крапчев јунак наш, кој ни ја даде слободата на нас. Засекогаш благодарна ќе му бидам , за овој бел ден што сега можам да го видам. Автор: Јана Саздовска VII-2 Уредник: Михаела Димчова VII-2

Еден борец наш

Image
                                                        Еден борец                                   Еден борец наш,                                   кој се борел за нас баш.                                  Тој борец наш,                                  е Дане Крапчев.                                  И затоа нашето училиште,                                  го има неговото име.                                  Со душа го чекаме неговиот ден,                                  за да се слуша везден! Автор и уредник:Теа Јордановска VI-3

Патот кон успехот - интервју со Виолета Вербраак – Колевска

Image
  1.Добар ден Виолета. Дали ќе може најпрво  да ни се претставите? Јас сум Виолета Вербраак – Колевска. Родена сум во Скопје, а веќе од 1997 – та година живеам во Холандија. Мажена сум за холанѓанец и имам еден син од 18 години. Работам долги години во интерна ревизија во една во една голема Холандска банка. Основното училиште го започнав во “Крсте Мисирков” училиштето во населбата Ченто. Кога дојдов до 5 – то одделение училиштето “Дане Крапчев“ беше завршено со изградба и јас веднаш се префрлив да го продолжам школувањето во ова ново и убаво училиште. 2.Дали имате некои спомени или сеќавања  од  oсновно училиште кои ви оставиле посебен впечаток? Имам многу убави сеќавања од времето што го поминав во “Дане Крапчев” училиштето. Бев одлична ученичка, секоја година првенец на генерација. Бев активна во многу секции. Со мандолинскиот оркестар свиревме на празници пред родителите, одевме на натпревари а професорот по музичко беше толку ангажиран и мотивиран да бидеме најдобри.

Песничка за ковид

Image
  Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Дане Крапчев

Image
  Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Цртеж за патронатот

Image
  Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Вирусот и ние

Image
    Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Мојата идна професија

Image
  Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3