Posts

Showing posts from April, 2022

NOTRE ÉCOLE

 Активностите од Франкофонскиот клуб се сеуште во тек.Го продлабочуваме нашето знаење за јазикот преку интересни активности и средби.Ова е една од многуте презентации кои ги направивме ние,учениците од франкофонскиот клуб. Се надеваме ви го привлече вниманието. Изработка  Учениците од франкофонскиот клуб

Најпознати први реченици во книжевноста

Image
  Можете ли да препознаете одлична приказна само според првата реченица на книгата? Мене ми се случило неколку пати да ме привлече роман на самиот почеток, од првата страница. Добрата прва реченица може да го заинтригира нашето внимание, да ни ја разбуди љубопитноста и да н è натера да читаме понатаму. Во овој напис со вас ќе споделам неколку од најпознатите први реченици на книги што ги напишале некои од најпознатите автори. Дел од нив ми се прочитани, а дел трпеливо си го чекаат својот ред на полиците во мојата соба. „ Сите среќни семејства се слични едни на други. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин. “ - Ана Каренина , Лав Толстој „ Далеку во неистражената и изолирана периферија на една зафрлена област на западниот спирален крак на галаксијата, се наоѓа малечко, неугледно жолто сонце .“ - Автостоперски водич низ галаксијата , Даглас Адамс „Викајте ме Ишмаел. “ - Моби Дик , Херман Мелвил „ Многу години подоцна, пред стрелачкиот вод, полковникот Аурелијано Буендија

Празник на книгата

Image
  Љубителите на читањето ширум светот денеска го слават Светскиот ден на книгата, 23 Април. За време на пандемијата многу држави беа затворени, движењето и дружењето на луѓето беше ограничено, па тие се свртеа кон докажаниот пријател на секој човек, книгата. Книгите станаа средство за полесно справување со долготрајната изолација, за надминување на осаменоста, за стимулирање на креативноста и за проширување на нашите хоризонти. Светскиот ден на книгата е востановен од УНЕСКО на 23 април 1995 година, со цел да се промовира читањето кај децата и кај возрасните, и да се нагласи важноста на читањето за развојот на интелигенцијата и креативноста. Оваа година УНЕСКО објави предизвик во кој се повикуваат сите читатели да направат фотографија од себе или околината со насловните корици на некоја книга, но така што корицата ќе се вклопува т.е. ќе се спои со реалноста. Последната книга што ја прочитав јас е „ Повик на дивината “ од Џек Лондон, а моментално ја читам „ Тим Талер или продаден

Инвестирај во нашата планета

Image
  Генералното собрание на ООН во 2009 година го прогласило 22 Април за Меѓународен ден на планетата Земја. Одбележувањето на овој ден дава можност да се подигне глобалната свест за благосостојбата на нашата планета и целиот живот што таа го поддржува. Денот ја нагласува колективната одговорност да се залагаме за хармонија со природата и Земјата, да се постигне правична рамнотежа меѓу економските, социјалните и еколошките потреби на сегашните и идните генерации на човештвото . Мотото за оваа година гласи : „ Инвестирај во нашата планета “ . Мајката Земја испраќа јасен повик за итна акција. Природата страда, океаните се полнат со пластика и со секој изминат ден стануваат с è покисели. Екстремните температури, шумските пожари и поплавите погодуваат милиони луѓе. Да не заборавиме и дека сè уште се соочуваме со здравствена пандемија која е поврзана и со здравјето на нашиот екосистем. Климатските промени, промените на природата што ги предизвикува човекот, злосторствата што ја нару