Сензорна соба во нашето училиште
Секое дете има право да се образува на начин што го разбира и да се чувствува прифатено во средината во која се наоѓа. На Отворениот ден за граѓанско образование во нашето училиште поддржано од Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор-Македонија, во чест на Меѓународниот ден на детето, 20 ноември, по иницијатива на училишниот клуб ,,И јас имам глас" и ученичкиот парламент, во рамски на проектите ,,Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран" се отвори сензорна соба. Целта на учениците беше да се создаде нова и поволна средина за нашите другарчиња каде ќе можат подобро да се образуваат и поквалитетно да го поминуваат своето време. Беше спроведен и прашалник-анкета, за тоа што мислат другите ученици во врска со оваа тема. Тие со задоволство го поддржаа проектот и ја разбраа потребата од оваа просторија. Нашите наставници исто така н ѝ пружија голема помош со осмислување на изгледот на собата, а и на градоначалникот многу му се допана нашата ид