Posts

Showing posts with the label Патронен празник

Среќен патронен празник, патрону наш!

  Во едно студено и магливо февруарско утро Беше роден вистински херој, храбар борец, кој не може да го опише ни најдобриот творец. Со борбен дух и желба искрена, чиста го следеше своето мото.   И велеше:   ,,По бурата секогаш се појавува светлинатаʺ. А, тој пак падна, во прегратка на темнината. Закопан во пазувите на планината, светлина ѝ подари на татковината! Денот кога гората те пречека  го славиме, и името Дане Крапчев никогаш нема да го заборавиме! Автор и уредник Ања Јовановска IX-4    

Поезија на тема „Бели гулаби за сите деца во светот“ од VI-1 и VI-4 одделение

Image
    Децата се среќни кога сонцето силно грее и кога славејот убави песни пее.    Децата сакаат безгрижно да растат, да се смеат и весели песни да пеат.  Децата се како бели гулаби во шир со единствена порака „Да растеме во слобода и мир“.   Автор: Дарјан Митревски VI-1      Имам јас имаш и ти, во раката гулаб бел. Тие ќе го освојат светот цел, пораката за мир од нас е дел. Дали има потреба од крв и војни, заземање територии големи бројни? Мирот е најпосакувано нешто, треба да се чува и негува вешто. И јас и ти да бидеме дел, од поубав поразигран свет бел. Наместо со оружје со знаење да војуваме, територии за дружење да освојуваме.   Автор: Христијан Г. Ивановски VI-1         Два гулаби бели, два цвета во градина, две душички невини... Во срце ве носам и љубов ви дарувам. Иднината ви ја постилам со прекрасни рози, за да чекорите по патот на среќата и радоста и ја осознаете убавината на животот... Гулаби мои бели,...

Ноќта кога се роди Дане Крапчев

Image
  С è уште не беше убаво зазорено и сите во куќата спиеја, кога бремената Теодора нежно го допре сопругот Јован по рамото, за да не го уплаши : Време е – тивко му рече, плашејќи се да не ги разбуди децата кои спиеја во собата. Јован знаеше што значи тоа : на свет доаѓа нивното шесто дете . Со возбудена насмевка отидоа во другата соба и ги направија сите потребни подготовки. Бебето се роди тивко, без многу да ја измачи мајка му, како да знаеше дека шести пат раѓа и сакаше да ја поштеди од маките. Татко му гордо го крена во рацете и му го даде името Дамјан, кое значи скротител и победник. Дамјан се роди на преминот помеѓу ноќта и утрото, на 2 февруари 1912 година. Уште од детството како да беше предодреден за големи нешта. И покрај честите селидби заради работата на татко му, Дане вредно учеше, сонуваше да заврши правен факултет и да спортува, но сиромаштијата го принуди да се вработи и да продолжи вонредно да студира. Во душата на Дане се собираше гнев заради лошите услови ...

Сè што сакам да бидам, III-1 одделение

Image
    Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Творби на II-4 одделение

Image
    Уредик: Михаела Димчова VII-2

Моето креативно училиште

Image
  Ние учениците од ООУ ,,Дане Крапчев" во изминатиов период творевме на тема ,,Моето креативно училиште". Создававме творби со кои го обележуваме денот на нашето училиште и му искажуваме почит на нашиот патрон Дане Крапчев.   Ве повикуваме да ги разгледате нашите творби, а се надеваме дека ќе ви се допадат и дека ќе уживате во нив.   Нека ни е среќен патрониот празник! Уредник: Михаела Димчова VII-2

Песна за Дане Крапчев

Image
Песна за Дане Крапчев   Дане Крапчев јунак наш за нас ти се бореше и за победа се молеше.   Во битките храбро одеше дружината своја ја бодреше.   Име ти носиш на храбар партизан македонски борец и наш идеал.   Училиштето наше го носи името твое, а ти секогаш ќе останеш во срцето мое. Автор : Бојана Цветановска VIII-1 Уредник : Теа Јордановска VI-3

Моето училиште - моја гордост

Image
    Иако бев малечок, уште на првиот училиштен ден знаев : овде ќе бидам прифатен, сакан и згрижен, многу ќе учам и напорно ќе работам.   Го видов тоа уште на првиот училиштен ден, во светлите и насмеани очи на мојата прва наставничка и во нејзината топла и цврста прегратка. И навистина беше така : ден по ден, месец по месец, година по година, како ги запознавав моите наставници, во нив го препознавав она што го сфатив уште на првиот училиштен ден : дека за нив сите ние децата сме исти, иако сме различни.   И дека во нивните очи сите сме подеднакво важни , дека треба да се дружиме , но и многу да учиме , заедно да растеме и да ги шириме нашите хоризонти под будното око на нашите наставници.   Многу бараат од нас, но и многу ни даваат : нивното внимание, знаење и мудрост, љубов, грижа и поддршка, посветеност и поттик да бидеме подобри луѓе.   Нивните совети и поуки дека можеме и ѕвездите да ги допре...

Ликовни творби на II-2 одделение

Image
Изработка на: Меланија Димитровска                        Изработка на: Јована Џопевска Уредник: Михаела Димчова VII-2                                                                                 

Дане Крапчев

Image
  Училиштето мое со гордост го носи името твое.   Тука учеле многу интересни генерации од многу различни нации.   Дане Крапчев бил храбар борец и на спокојна иднина несебичен творец.   Со радост секое дете овде учи и по училишните ходници пријатна смеа бучи.   Ние учениците го претставуваме твоето име во прекрасно светло што посебно свети, бидејќи секој од нас тоа го вети. Автор и уредник: Михаела Димчова VII-2

Песна за Дане Крапчев

Image
  Борец,Партизан, Револуционер бил тој, Дане Крапчев- стари , учесник во НОВ.   Горда сум што учам во ова училиште, самото име е полно со историја,знаења и традиција.   Крапчев бил политички комесар вистински првоборец и спремен за правда в секој час. Автор: Ана Милановска VII-3 Уредник: Сара Ангелова VII-3

Дане Крапчев патрон наш

Image
Дане Крапчев патрон наш, стоиш гордо секој час. Првенци на генерации безброј редиш и во секој чекор ги следиш.   Водилка наша си ти, во тешки и лесни дни. Горди сме на подвигот   твој, успех и слава од трудот свој. Автор: Клара Караџоска VII-2 Уредник: Михаела Димчова VII-2

Песна за Дане Крапчев

Image
  Дане Крапчев борец смел за него знае народот цел. Македонски партизан бил тој гордо се борел во секој бој. Ова име важно училиштето мое го носи, среќата во секој од нас благодарно прскоси. Благодарни сме ние борецу наш ќе те паметиме и почитуваме ете баш. Автор:  Алек Јовановски V-1 Уредник: Михаела Димчова VII-2

Нашиот патрон

Image
  Нашиот патрон Дане Крапчев се вика, нашето училиште со гордост блика.   Детска радост, џагор смеа во училишниот двор, насмеани ѕвончиња во училишниот хол.   Еднакви сме сите пред нашиот патрон, на училишните клупи седнати како на трон.   Слога и љубов кај нас царува, со многу работа секој другарува.   Тој е нашиот патрон, а ние му возвраќаме со успеси милион. Автор: Давид Чулев V-1  Уредник: Михаела Димчова VII-2