Posts

Showing posts from December, 2021

Песна за една зимска ноќ

Image
                                                                           Зимска ноќ Ѕунат ѕунат снегулки, секаде покрив бел, дење ,ноќе патувам низ светот цел. Подајте си рачиња дружно да запееме, деца на цел глас.   Дедо Мраз , Дедо Мраз, дојде Дедо Мраз.   Носам вреќа играчки нежност, љубов, цвет. За деца од цел свет.   Дедо Мраз , Дедо Мраз дојде Дедо Мраз. Автор:Теа Јордановска 7-3 одд. Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2 одд.

Зима

Image
                                             Зима     Дојде зимата . Снегот вееше , крошните се полнеа    дрвата натежнуваа од снегот . Бев   во   мојот   дом   каде   што   дедо   ми   седеше  ,  баба   ми   правеше   колачиња , а     јас   уживав   во   глетката . Седев и го гледав снегот како  полека си вее, се наталожуваше . Дојде  31 ви декември  ден кога се прославува новата година . Станав  с е спремив и излегов надвор . Си направив снешко со братучед ми , а потоа влегов,седнав и јадев вкусни колачиња на баба .  Дојде вечерта чекав да стигне полноќ .     Автор:Јована Антовска 7-3 одд Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2 одд

Песна за Нова Година

Image
НОВА ГОДИНА Во старата чукна И последниот час НОВАТА ГОДИНА Дојде и кај нас. Да се чека вреди, Желби да се реди. Секој од нас децата чека Дедо Мраз да донесе Подароци една полна вреќа. Новогодишна песна се пее, Снегот тивко вее, Собата со гости полна, Си замина годината болна. Се надевам дека ќе остане така Со здравје и среќа да биде вака.   СРЕЌНА НОВА ГОДИНА Автор Александар Mаневски 7-3 одд Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2 одд

Во пресрет на Новата година

Image
  Годината се ближи кон својот крај и многу луѓе едвај чекаат да заврши пандемиската 2021 и да почне новата 2022, со надеж дека ќе биде подобра од претходната. Поради COVID-19, прославите изгледаат поинаку и ние се чувствуваме поинаку. Наместо да одиме на забави и да славиме со нашите роднини и пријатели, повеќето од нас ќе останат дома и ќе го прослават овој ден со семејството, за да го заштитат своето и здравјето на најблиските. Прочитајте некои занимливости поврзани со славењето на Новата година : 1.   Жителите на островската држава Кирибати, која се наоѓа во Тихиот Океан, се првите луѓе на планетата кои ќе ја пречекаат новата година , затоа што се наоѓаат во најраната временска зона. Последни тоа ќе го направат жителите на тихоокеанската држава Американска Самоа. 2.   Името на месецот јануари потекнува од името на римскиот бог Јанус, кој има две лица – едно кое гледа напред и друго кое гледа кон назад. 3.   Најчестите новогодишни резолуции на луѓето се : дека ќе по