Децата од целиот свет
Децата од целиот свет Девојчиња или момчиња, големи или мали на децата ништо не треба да им фали, сите имаат исти права сите заслужуваат да живеат во околина здрава. Зошто да страдаат во војни зарем некој тие ги сака во вакви времиња страшни треба да си подадеме рака. Да бидеме силни, смели да не се делиме по раса, боја имаме една планетата а тоа е Земјата своја. Имам порака една за нас децата многу вредна да нема страшни, крвави борби да има повеќе детски гласови, повеќе детски творби. Автор и уредник: Катарина Пислевиќ 7-2