Настава во природа-Охрид III

   

Третиот ден од настава во природа (10.05.2023) ги посетивме Заливот на коските и манастирот Св. Наум. Во Заливот на коските на наколни живеалишта имаше поставено куќи направени од кал, дрво и трски. Во куќите е прикажан животот на луѓето во праисторијата. Во музејот беа изложени предмети направени од глина и пресечени столбови од најсилните живеалишта. 



Во манастирот Св. Наум се наоѓа гробот на Наум Охридски Чудотворец, а така го нарекле бидејќи ги лекувал и им помагал на луѓето со разни болести. На гробот можеше да го чуеме чукањето на срцето на Св. Наум. Дрвениот иконостас во манастирот беше позлатен. Во дворот на манастирот сретнавме пауни кои сакаа да се фотографираат.




Автор: Јана Србиноска V-1
Уредник: Михаела Димчова IX-2




Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче