7 Април ден на здравјето

Секоја година 7 април се одбележува како светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни настани со извесна тематика која е важна за таа година. Во последно време се повеќе и повеќе се заборава на грижата за здравјето.Се помалку се носи топла и удобна облека, се помалку се пијат топли и лековити чаеви. Па затоа, кој било период од годината треба да се конзумира здрава храна, да се носи топла облека и да се грижиме за твоето и туѓото здравје. Оваа година овој ден беше повод за отворениот ден во СМУГС ,,Панче Караѓозов". Како Вие се грижите...