Posts

Showing posts from November, 2022

Одбојка

Image
      Во Општината “Гази Баба” се организираат натпревари по различни спортови. Јас играм одбојка. Играме неколку деца од деветто одделение, едно девојче од осмо и уште неколку од седмо одделение. Оваа година до сега се организирани четири натпревари, игравме против “Кирил и Методиј 1”, “Кирил и Методиј 2” , “Наум Охродски” и ” 25 Maj ” . С ите четири натпревари ги победивме и многу сме горди на тоа. Се надевам дека ќе ги победиме и другите училишта за да можеме да освоиме нешто. Натпреварите се играат во салата “Наум Наумовски Борче” и сите од тимот носиме бели маички, шорцеви, чисти патики, врзано репче и кој има штитници. Натпреварот се игра од 30 до 60 минути. Се игра до 25 поени , кој тим прв стигне до 25 поени го зема првиот сет, исто така е и за вториот но ако во вториот сет победат другите тогаш се игра и трет решавачки сет за да видиме кој ќе биде победникот на натпреварот. Автор: Стефанија Спировска IX-1 Уредник: Сара Ангелова IX-3

КНИГАТА-МАЛ ИЗМИСЛЕН СВЕТ

Image
    Книгата-мојот мал измислен свет, приказни со кралица,принц,син,кмет. Авторот ти раскажува сказна милна. Со топли зборови и порака силна.   Книгата-прозорец на очите, трепетно срце на душата. Низ светот те шета во моменти на досада таа може да влета.   Подај рака на книгата другар е верен, забава нуди, и желби за пишување може да буди!   Нема да зажалиш ако дружба имаш верна, затоа посегни по книгата и секогаш ќе има следна!     Автор и уредник:Ања Јовановска IX-4

Без книгата си никој и ништо

Image
  За мојот прв роденден добив сликовница мала. Во прво одделение, со букварот учев букви ко на шала. На првиот летен распуст ја прочитав и првата лектира, а сега учебниците разни не ме оставаат на мира. Читам лекции и приказни разни, Омилени ми се сеуште детските сказни. Интересни теми во сите книги се кријат, некои од нив не ме оставаат да спијам. Љубопитност голема ми се буди, кога добра книга научни факти ми нуди. И така секоја со своја специјална тема, ќе сфатиш дека лоша книга нема. Без книгите животот би бил досаден и секој од нас многу осамен. Затоа нова книга во рака земи и читај занимливости на различни теми. Автор: Алек Јовановски VII-1                    Уредник: Сара Ангелова  IX-3

Oпис на грмотевици

Image
      Еден необичен ден, додека гледав низ прозорецот во мојот двор од викендичката, се случи нешто многу невообичаено и доста страшно. Одеднаш жолтото сончево сонце го покрија црните и темни облаци. Почна да врне ситен ненадеен дожд. Црните темни облаци беа многу густи. Од облаците се спушти бела, светкава, силна грмотевица која згрме. По брзата грмотевицата следуваше и еден засилувачки звук. Сиот народ беше исплашен и доста загрижен. Се слушаа силни викотници. Тоа траеше неколку минути. По неколку секунди мир, нешто одеднаш дувна. Тоа всушност беше ветер кој како да го чекаше својот ред да настапи и да ја покаже својата сила. Раздува сѐ наоколу, се крена голема прашина и нешто одеднаш тресна. Кога се свртев назад, забележав дека падна еден голем капак којшто беше потпрен на ѕидот од ходникот и ме исплаши. Помислив дека во еден миг ќе настапат сите природни појави одеднаш. Си реков, доволно беше, веројатно ова ќе биде сѐ за денес. Само што сакав да се тргнам од прозорецот, уште една

Светски ден на детето- 20 ноември

Image
      Денот на децата е датум кој се слави секоја година во чест на децата, тоj датум  варира во зависност од земјата. Во 1925 година, Меѓународниот ден на децата за првпат беше прогласен во Женева, Швајцарија за време на Светската конференција во повеќето земји од светот се слави на 1 јуни. По конференцијата, различни влади низ целиот свет одлучија да го прогласат  како Ден на децата за да се привлече вниманието кон детските теми. Многу земји го избраа 1 јуни, па ова е причината, зошто Меѓународниот ден на децата се одржува на 1 јуни. Денот на децата, Организацијата на Обединетите нации го слави и на 20 ноември секоја година. Зошто е важен Светскиот ден на детето?       Важно е да се слават сите деца на овој ден, исто така е клучно време да се информираат за тешкотиите со кои секојдневно се соочуваат другите деца, како што се децата коишто се користат како работници, додека некои се нурнати во воени судири или живеење на улиците. Вистина е дека треба да посветиме поголемо значење и ак

20 ноември- Ден на детето

Image
     Ние, членовите на секцијата Мултикултуризам го одбележавме 20 ноември  - Светски ден на детето со спроведување на акција во која на учениците од прво одделение им поделивме креативна боенка и порака за правата на децата изработена како честитка.   Уредник: Сара Ангелова IX-3                      

Љубов во моето срце

Image
      Љубов. Како сенка, тивко, тивко доаѓа. Нешто наивно, но слатко како мед. Велат дека тоа го поматува умот, срцето чука забрзано, мислите бегаат наоколу и сè некако добива поинаква смисла. Во потсвеста се сместува една личност и сè друго е бесмислено, без нејзиното присуство.  Љубовта е длабока. Тонам во тоа море во кое секоја капка е едно чувство. Би била неизмерно среќна да може да потонам во него. Љубовта е бесмислена. Со детска насмевка и очи полни солзи. Љубовта гори. Те гори тебе. Но, над оганот нема контрола никој, па така и жештината која ја имавме меѓу прстите стануваше преголема. Бевме луди и лудозаљубени. Па така, тој оган нè изгоре нас. Нè изгоре и згасна. Така згасна и мојата љубов за тебе. И сега го гледам пламенот и знам дека ме чека повторна изгореница. Седам и зјапам во твоето име на мојот телефон. Можеби мислев дека тоа ќе биде некаков доказ, дека некогаш си ме сакал.   Некаков доказ дека можеби некогаш пламенот е добар? И сега твоето име останува име, некогашнат

Патот кон успехот-интервју со Дина Јашари

Image
Автор и уредник: Михаела Димчова IX-2

Книга-прозорец кон мечтите

Image
  К нига-прозорец кон   мечтите и соништата. Творештво кое е исполнето со тајни, со фантазии. Велам тајни бидејќи за да се разбере содржината на едно такво дело, потребна е целосна концентрација, соживување и емпатија. Н ие луѓето имаме секакви чувства, емоции. Некој од нас тие емоции ги преточуваат во вид на најразлични текстови, песни, раскази... Потоа читателите имаат можност да се соживеат со емоциите на авторот и тие да се втурнат во еден непредвидлив брз воз од емоции кои ги добиваат како резултат на соживеаноста и тесната поврзаност со делото, со книгата. И ако има најразлични книги, поделени во разни жанрови, секоја од нив си ја раскажува својата приказна. Секоја од нив е посебна, има своја позадина. Секоја книга е единствена, има свој идентитет. Г олема или мала. За возрасни, млади или деца. Лектира или слободна литература. Хорор, романса или комедија. Има многу поделби меѓу нив. Но која и да ја одберете, сигурна сум дека ќе уживате во нејзиното читање. Сигурна сум дека

Роденденот на Скопје-13 Ноември

Image
  Ладно морничаво есенско утро партизанска песна се лее, постојана мисла за конечна слобода во сечие срце тлее. Срца бијат ко едно секој се подготвува за што следи следно.   По многу пукот и виор знамето високо се вивна Скопје ослободено!   Eмоции и чувства се мешаат во едно, затоа денес, роденден на Скопје,   славиме ние дамнешната мисла за слобода, слободно бие. Благодарни на лицата кои тогаш храбро се бореле Без капка двоумење и дилема денешната слобода ја донеле. Автор и уредник: Ања Јовановска 9-4

Предметна настава, нов предизвик за нас шестоодделенците

Image
  Предметна настава , н о в предизвик за нас шестоодделенците          Секој септември, со самиот почеток на новата учебна година , започнуваат и многу нови обврски за секој ученик. Но, овој септември за нас учениците кои до лани бевме петто одееление беше месец на отворање на една нова страница од нашето образование, кога ние учениците од одделенска настава преминуваме во предметна, в о шесто одделение се случуваа т големи промени за сите нас . Имаме нови улоги, нови предмети и нови наставници. Неограничениот број  нови информации треба да ја зајакнат улогата на шестооделенците и затоа пред нас стојат многу нов и предизвици. И тоа:       - Се соочуваме со нови наставни предмети, кои се подеднакво важни за реализација на наставата ;      - Запознавање со нови наставници, секој со различен метод на работа и различни очекувања;         - Но за постигнување успех за нас  важна е и целта која ќе си ја поставим е на самиот почеток и        -Треба да имаме голема поддршка од родите

13 ноември- Ослободување на Скопје

Image
 Битката за Ослободувањето на Скопје претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. Ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби ( без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување ( топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).    ,,Ладно есенско утро, 13 ноември 1944-тата година. Партизаните се подготвуваат за борба. Срцата бијат како едно, мислата е насочена само во слободата и другарите, со кои можеби ова ќе биде последна средба" - на ова се сеќава 85-годишната Пенка Кралевска, тогаш една од најмладите партизанки во 12-тата Ударна бригада која учествувала д

Време и клима

Image
Време и клима- креативна изработка од една  ученичка од IV-3 то одделение Автор: Јана Ангелова IV-3 Уредник: Сара Ангелова IX-3

Јас сум професор по француски јазик, која е твојата супер моќ?

Image
 Денес ние, учениците од франкофонскиот клуб ја посетивме изложбата на фотографии со име  ,,Јас сум професор по француски јазик, која е твојата супер моќ?"     Oва беше прилика да се посети францускиот институт во Скопје кој топло н è    пречека и н è       заинтересира за многубројните книги,филмови и стрипови кои ги имаше низ своите полици.  Таму се запознавме со литературата но и услугите кои ги нуди институтот. Бидејќи ние бевме дел од фотосесијата имавме прилика да се пронајдеме на некои од сликите. Литературата беше збогатена со интересни содржини со вокабулар за секое ниво.Освен институтот за француски ја посетивме и пекарата ,,Пастел" која имаше француски рецепти за совршен и сладок крај на нашата посета. Се надевам на повторна средба, Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4

Денес биди причина за нечија насмевка

Image
    На 4ти ноември по иницијaтива на членовите на Ученичкиот парламент од нашето училиште беше реализирана една прекрасна идеја. Предлогот беше на смајлиња кои претходно учениците ги изработија да се напишат пораки за убав ден и да го разубават денот на луѓето коишто ги сретнаа во Градскиот парк.   Од едната страна на смајлито имаше нацртано среќно лице, а на другата страна беше напишана пораката. Смајлињата беа давани на случајни минувачи кои возвраќаа со топла насмевка и беа пресреќни што тие ја имале можноста да ја добијат таа порака. Учениците вратија многу ведри насмевки на сите луѓе во паркот, а и нивната душа беше исполнета со многу радост.                                                                                        Посебно се благодарни на наставниците кои овозможија оваа идеја да биде реализирана. Биди причина и ти за нечија насмевка - разубави нечиј ден!   Ученичкиот парламент континуирано си ја извршува својата работа, дава предлози за следни активности на училиште