ЗА МОЈОТ ДРУГАР
Не заминав ! Не заминав без поздрав !
Не те оставив, не те напуштив !
Ме зедоа.
Не најавено, грубо, насилно, со
нивната моќ,
во таа црна и глува ноќ.
Одеднаш се слушна од возила звук и
чекори тешки,
по калдрмата во сокакот наш
каде се оди само пешки.
За миг се затресе портата наша.
А мајка ми ... ги рашири силно рацете
свои,
ме зграпчи како раскрилена птица
преплашена за чедото свое.
Но, не беа доволни
ниту прегратката и стисокот силен,
ниту врисокот и молбите,
ниту преплашените очи и солзите.
Чукаа силно нашите срца две
како да ќе ни најдат спас, во мигот
суден за нас !
Ама попусто беше се.
Не разделија, не однесоа !
А нашите погледи празни и срца тажни,
ги затворија.
И ... еве сум ... во воз.
Долг, необично долг воз.
Вагони многу, бучен, темен, навидум
како и другите.
Се слуша тропотот на тркалата по
шините што во неповрат водат.
А од внатре врева, лелек, пискотници
!
Плач ! И детски и старски се разлева
низ воздухот,
што е за сите заеднички, ама за нас
внатре се помалку достапен.
Мириса на тага, страв, неизвесност.
На непознато ... на крај ... на смрт.
Трагедија.
Звук од локомотива што води на не
најавено патување - без враќање,
во непознати краишта, некаде далеку
од домовите свои.
Разделени чеда од мајки, жени од
мажи.
Семејства распарчени, изгубени, во
пекол пратени.
Треблинка. Крајна дестинација.
Колони од невини души од сите
возрасти.
Тешко, немо, со изгубени погледи
заматени од солзи се движат по наредба.
Излегува и последниот.
А возот ?
Возот без запирање тргнува по нови
патници од други места,
каде владее немир, страв и исчекување
на страшната судбина.
Пак, и пак, и пак се полни, се
празни, продолжува, се враќа ...
И се така во круг и без престан,
до последниот патник во кој еврејска
крв тече.
А таму !?
Ужас, хорор. Затворени, мачени,
во гасни комори труени, спалувани.
Од никого ништо да не остане и
пепелта да не се најде.
Колку омраза ! Каков болен ум беше,
што ова да го направи можеше ?
Квартети од еврејски музичари до
жртвите принудени да свират,
а самите жртви следни знаеле дека ќе
бидат.
Органи вадени, експерименти правени
за нечии патолошки апетити да бидат
задоволени.
Оооо Боже, каква смрт и во колку маки
тие луѓе души испуштале.
Од неродени во мајчина утроба,
до оние што уште неколку денови живот
имале.
А зошто ? Со што тоа го заслужиле ?
Та нели пред Бога сме сите исти ?
И само Бог е тој што од чумата црна ме
спаси.
Е еве сум сега, со грутка во грло и
стегнато срце,
Со безброј лузни на секоја клетка и
страшни слики во секоја глетка.
Ниту радост и смеа, ниту песна и
среќа
тагата моја од душа ја вади.
Боли, не знаеш колку другару мој.
Затоа те барам, ми требаш.
Дојди, прегрни ме, со топлина, искрени зборови
и љубов исполни ме.
Таму кај што застанавме да продолжиме,
се што не направивме да направиме,
се што не си кажавме, да си кажеме,
другарството да го продолжиме и
животот да го славиме.
Никогаш и никому да не се повтори.
Автор: Горазд Стојановски IX-4 одд.
Уредник: Ања Јовановска IX-4 одд