Збогум...?

 Oстануваат толку работи недокажани а толку малку време. Навистина уште не знам кога помина годината. Кога помина последната етапа од нашиот престој во Дане Крапчев. Кога од малечки деца станавме во овие пораснати тинејџери кои треба да одат во средно.Се разделуваме. Кажуваме збогум. Мемориите ги носиме a со нас останува нашиот белег кој сме го направиле на училиштето. Велат дека времето е релативно, дека минува баш според нашата реферетна рамка, но како може вистински да е кога моментите кои сакаме да траат подолго ни отчукуваат во раце?  За среќа истите може да се сочуваат.. со слики.





Благдарам на сите соученици и наставници! ,,Дане Крапчев"  засекогаш ќе остане дел од едно поглавје во животот кој не прави она што сме денес. Па затоа да се насмееме во името на исте тие прекрасни моменти кои ги доживеавме во последниве девет незаборавни години.



За последен пат..

Автор и Уредник: Ања Јовановска IX-4



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче