Совршениот пролетен пејсаж
Пролетта дојде како зрак светлина на тмурно утро. Нечујно се потпре на
стеблото на едно дрво, ја затресе својата коса и ги рашири своите магии. Тревата
ја доби таа прекрасна зеланкаста боја која сите ја сакаме, облаците се расчистија
и на нивно место гордо стоеше небесно синото небо. Денот стана подолг а со него
се раширија и нашите мисли за пролетна прошетка во паркот. Кокичињата пркнаа од
земјата како мали девојчиња со снежно бели капчиња. Овошните дрвја веќе зелени,
натежнуваа од светло розеви кревки цветчиња кои нежно паѓаа на земјата штом ветерот
бурно ќе задуваше. Природата доаѓа до својата кулминација во пролет.
Највисоката точка. Тогаш е најзелена, најразиграна, највесела. Птиците преселници
пак го украсија небото. Мартинка тивко се вееше од дрвото, борејќи се со ветерот да остане на
своето почестено место и низ нишките на
тенките влакненца да ја зачува промислената желба на детето кое ја оставило таму.
Верните птици кои останале во својот крај, ѕиркаат од гнездата чудејќи се на
возвишената пролетна убавина. И така од утро стана вечер. Сонцето се симна од
своето небо правејќи место за Месечината. И првиот пролетен ден помина.
Пролетта седна на својот престол на една тажна врба и внимателно ја
надгледуваше заспаната природа. По целиот напор и таа се најде затворајќи ги очните
капаци и тивко заспивајќи сѐ до утринските роси на новиот ден во пролет.
Автор и уредник:
Ања Јовановска IX-4