Екологија

 

 

Една повозрасна, мудра, жена често знаеше да каже: ,,Светот не треба да се стави во ред. Тој веќе  е во ред. Наше е да се прилагодиме со тој ред.” Тогаш не ја разбирав и дури ми звучеше чудно и нелогично.

Тогаш се прашував „зошто“ и не обрнував толку внимание на  природата, на зеленилото кога имаме паркови во градовите, имаме дрва по улиците и зелени површини покрај автопатите. Не ми беше јасно зошто се креваше толкава паника и вложување на толкав напор за зачувување на природата. Некогаш и ќе дојдеа на училиште луѓе и ќе почнеа да зборуваат за нешто наречено Екологија. Екологија, екологија... Многу пати го имав слушнато тој збор но никогаш неможев да му го откријам вистинското значење. Се додека не пораснав. Тогаш сè  се смени. Почнав да размислувам на поинаков начин. Почнав да прашувам, да се интересирам и обожавав да откривам нови работи. Кога се наближи 21 март, сфатив дека е ден на екологијата. 

,,Екологија, го имав слушнато многу пати овој збор”- си реков. Почнав подлабоко да навлегувам во неговото значење. Тоа било всушност сакање и грижење за природата. Сакање од срце и грижење со ум. Дознав дека имало и многу страшни и огромни проблеми, и фатални последици. Како што се задлабочував така ја дознавав вистината во каков свет ние живееме и со какви проблеми, а подоцна и последици би претрпеле. Никогаш не ја знаев оваа страна на светот. Разбрав дека светот не е само прошетка со мама, играње топка со тато, раскажување приказни со баба и возење со дедо, прошетки низ паркот, возење велосипед на зајдисонце, играње жмурка, брканица или играње граница со другарчињата... Се беше само детство кое поминува. Во светот сега најголем проблем е глобалното затоплување кое претставува огромен проблем кој може да го уништи светот. Предизвикан е од негрижа за природата и игнорирање на проблемот. Потребно ни е подигнување на човечката свест и зголемување на интересот за Екологијата, за преземање грижа и заштита на природата.

Доколку сакаме големи промени-треба да почнеме со дејстување од најмалите нешта-да почеме од самите себе.



Автор: Ева Серафимовска IX-4

Уредник: Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче