Догледање „Дане Крапчев“
Возбудена,
исполнета со нетрпение, едвај чекав да почне учебната година и да зачекорам на
патот од основното образование. Да почувствувам одговорност, да запознам нови
пријатели, да создадам нови искуства...
1 септември
2014 г.
Беше
сончево, трчаа наоколу разиграни дечиња, имаше многу родители и возбудата се
чувствуваше. Глетката беше многу убава. Се прегрнуваа првооделенчињата со
своите наставнички како мајки со своите дечиња. Најмалите шараа со своите очиња
низ училиштето, разгледувајчи го својот втор дом. Местото каде што ќе поминат
девет години, место во кое ќе создадат преубави спомени, заедно со своите
пријатели и наставници. Тој ден беше денот кога „Дане Крапчев“ нѐ пречека со
огромна прегратка, а ние како мали човечиња со возбуда ги прифативме предизвиците
кои не очекуваа...
Првите пет
години, во одделенска настава беа прекрасни. Одделенските раководители се
грижеа за нас и на вистинскиот пат нѐ посочија. Сакаа да бидеме најдобри меѓу
најдобрите. Сакаа да бидеме посебни. Сите се сплотивме и станавме едно големо
семејство. Правевме детски шеги, се смеевме, учевме и другарувавме. Бевме мали,
но сепак знаевме дека многу си вредиме меѓусебнно.
1 септември
2019
Се вративме
во времето, кога бевме првооделенчиња, кога бевме изгубени и збунети, само што
сега бевме шестооделенци. Сега така
повторно се чувствувавме. Се соочивме со нови наставници, нови предизвици. Но,
сепак си останавме сплотено одделение кое сѐ правеше заедно.Се запознавме и со
своите класни раководители кои со широки раце нѐ пречекаа. Си помагавме и бевме
тука едни за други, наставниците пријатно нѐпречекаа и сѐ беше одлично.
Но, дојде
вирус и сите останавме во своите домовите. Но, тоа не нѐ сопре виртуелно да
другаруваме и он-лајн игри да играме. Имавме разговори преку камера, на големите
одмори шеги и загатки си кажувавме, свиревме и пеевме и заедно повторно
останавме.
1 септември
2021
Сите со
маски бевме. Имаше правила кои ги почитувавме, а и со нови наставници се
запознавме. Авантури и тогаш имаше, нови начини за забава смислувавме. Пикадо
игравме и интересни случки си правевме. Забавната атмосфера продолжи да тлее во
воздухот, не згасна. Уште две години ни
останаа и ние ги направивме незаборавни.
1 јуни 2023
Почнав да
размислувам за крајот. За нашата разделба. Како бумеранг ми се вратија сите
спомени и доживувања во ова училиште. Се присетив на сите убави искуства, на
сите споделени насмевкии. Се сетив на часовите по историја каде што
наставничката сликовито и на многу интересен начин, како приказна, ни ги
раскажуваше лекциите, часот по музичко каде што пеевме и свиревме како една
голема група од музичари, часовте по македонски на кои можевме слободно да се
изразиме, хемијата со своите формули и израмнување на равенки и сите други
часови со своите интересни теми.
Заедно
пораснавме, се каравме и смеевме. Заедно влегувавме во неволји и заедно се
шегувавме, бевме сплотени. Како еден човек.
Сите кажани
зборови, насмевките и споделените прегратки, сите лоши и добри денови, тајните,
маките и сета радости... Сѐ останува внатре во Дане Крапчев, во училиштето во
кое поминавме девет години. Училиштето во кое што пораснавме, научивме што е
одговорност, пријателство.
Сите
наставници во „Дане Крапчев“ ми оставија многу убави искуства, ми дадоа знаење,
ме поттикнаа да бидам активна и да го дадам својот максимум, посветено работеа
и се вложуваа во сите нас, затоа сум им многу благодарна и навистина ја
заслужуваат целата почит.
Кога веќе
се бројат и последните денови од нашето образование тука, само сакав да ви се
заблагодарам затоа што нѐ поттикнавме да работиме и да не се откажуваме,
направивте луѓе од нас кои некој ден ќе носат големи и тешки одлуки, но ќе го
имаат тоа знаење благодарение на вас.
Некогаш е
доволна само насмевка за да затрепери срцето и да почне да размислува мозокот.
Кога бев
помала, уште во одделенска настава им „завидував“ на деветтоодделенците, тие
беа големи, бестрашни и слободни. Сакав да бидам како нив бидејќи сите ги
гледаа со огромна почит. Сега, кога сум веќе деветто одделение, им „завидувам“
на помалите. Сакам да сум како нив, малечко, слатко дете кое допрва ќе се соочи
со предизвиците и прекрасните наставници кои го чекаат со огромна љубов, дете
кое допрва ќе формира прекрасни спомени.