Опис на природна појава

 

   Се беше прекрасно, јас и моите родители па и по некоја случајност и моите другари со кои тренирам уживавме на одмор во Црна Гора. Но, претходно на попладневните вести објавиле дека ќе има бура и врнежи, дури и советувале дека неопходно е да се засолниме. Во тие десетина дена решивме да ги отстраниме сите работи што ги правиме секојднено. Да ги тргнеме настранателефоните,  телевизорите и слично. Уживав во морето, другарството и плажата. Тој ден ветрот ги галеше милно нашите лица и личеше како да има некоја топлина во себе. Морето светеше како блескав дијамант, а пак светлината му ја даваше сонцето.

    Седмиот ден беше поинаков,ветерот дуваше брзо како брз воз, песокот прскаше по нашите лица, кампот во кој бевме престојувавме беше оддалечен два километра од плажата, па затоа тој ден времето не ни дозволуваше да тргнеме и да се засолниме. Пред да започне невремето си игравме и најдовме една пештера. Брат ми многу се вознемири, јас веднаш се сетив на пештерата и почнав да трчам накај неа држајки го брат ми за рака. Кога стигнавме во пештерата се засолнивме. Бидејки бевме многу исплашени никој не забележа дека невремето траеше цели два часа.

      Одеднаш сончевите зраци повторно се појавија над морето. Ние излеговме од пештерата и веднаш заминавме во кампот. Во вакви ситуации треба да останеме смирени да не паничиме и брзо да се засолниме.




Автор: Ана Милановска IX-3

Уредник: Сара Ангелова IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче