Посебно чувство

 Сјајна, црна, вешто изработена гитара стоеше на излогот од  една музичка продавница. Често поминував покрај неа и секогаш копнеев барем еднаш да ја подржам во раце 

Од секогаш ја сакав музиката. Уште од мали нозе балетот ме воведе во таа прекрасна патека на музиката на која што сеуште чекорам. Таа е како посебен свет кој е создаден за компонирање и изразување на нашите чувства преку неа. Гитарата која што беше на излогот беше редок примерок од таа колекција. Тоа ја правеше уште поубава и привлечна. Еден ден поминувајќи покрај продавницата не можев да се воздржам и влегов во неа. Ја побарав гитарата, ми ја дадоа и уште од самиот допир на жиците почувствував нешто. Почнав да свирам мала, лесна композиција, една од моите омилени и звукот којшто го произведуваа жиците беше неверојатен. Секоја жица имаше различна боја и свирењето низ нив беше како боење на една слика. Колку што се почисти боите толку и сликата е поубава . Како што продолжив да свирам на неа забележував колку лесно прстите ми танцуваа низ жиците, колку убав и впечатлив звук даваа тие. Ја видов и од блиску градбата на самата гитара, со мајсторки изработено дрво избоено во црна боја.Самата боја му даваше подлабок звук на тонот. Колку беше подлабок толку подлабока трага оставашеПри крајот веќе можеше да се забележи убаво обоената слика од боите на гитарата, која беше примамлива. Примамлива за сите кои сакаа да ја отклучат вратата и да ја ослободат музиката да ги совлада. Кога завршив бев стаписана, никогаш дотогаш не сум ја почувствувала музиката на овој начин иако истата композиција ја имав свирено многу пати 

Тое е чувство кое не може да се опише, може само да се доживее. 


Автор: Ева Серафимовска IX-4
Уредник: Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче