Со љубов
Сонцето
изгреваше, благ ветер дуваше низ ливадата исполнета со разни цветови. Уште од
изутрина инсектите се вплеткуваа во свежите пупки на цветовите, а луѓето ги
береа само најубавите и ги ставаа во кошнички украсени со розево-црвени
панделки.
Сите беа
подеднакво возбудени, беше 8 Март, Денот на жената. Денот кога целиот труд и
посветеност кој го дале жените се вреднува со цвеќе, топла и исполнета душа и
насмевка на лицето. Откако убаво се раздени и сонцето чисто се гледаше на синото
небо, сите луѓе со своите цвеќиња
набрани за своите најблиски, заминаа да ги изненадат. Остана само уште едно
момче во ливадата. Тоа напорно береше и не се отажуваше. Луѓето кои поминуваа
наоколу се чудеа и беа воодушевени од упорноста и издржливоста на момчето. Тоа
остана таму цел ден, работејќи. При зајдисонцето пополека почна да ги витка
собраните цвеќиња во панделки. Веќе
сонцето заоѓаше. Откако заврши тргна назад во центарот на селото. Се
напи малку вода и продолжи. Момчето одеше во секоја куќа во која знаеше дека
има жена којашто можеби живее сама или пак нејзиниот сопруг и деца се на
печалба. Тие жени на овој ден не добиваа ништо. Момчето го знаеше ова и сакаше
да ги развесели, па затоа поминуваше крај нив и им даваше по едно убаво,
украсено, свежо набрано цвеќе. Насмевките на лицата на жените искажуваа огромна
благодарност кон него.
Тој со среќа и радост го правеше истото веќе
со години, без да му претставува тоа мака. Бидејќи
тоа го правеше со љубов!