21ви Mарт

 21 март првиот ден од пролетта, зар има ли нешто поубаво? Расцутени дрва, расцутени ливади, потопло време, сончеви зраци и птици в рој. Поминаа студените зимски денови, поминаа горките и врнежливи ветрови, сега доаѓа она време, време кога децата се на ливадите, време кога нема настинки и најважно, време кое е исполнето со топли и пријатни спомени. Детската игра и џагор непрестано ќе бидат присутни, љубовта кон топлото сонце и синото небо никогаш нема да здодее. Разиграните песни на птиците, топлиот појадок и јасното утро отсекогаш биле нешто најубаво. Љубовта кон животните, растенијата, инсектите и екологијата ќе биде непрестано важни за сите нас. Зелените паркови, чистите улици, прекрасните зајдисонца , разработените мравки сето тоа е дел од нас, дел од природата. Па затоа искористи го секој миг исполнет со среќа, смеа, забава и дружба. Бидејќи нема засекогаш да биде разиграно, топло и забавно.



Автор: Александра Антовска VII-4

Уредник: Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче