Патопис на еден деветооделенец: Тродевна екскурзија во Охрид

 


Девето одделение. Се памти по многу нешта меѓу кои е и тродневната екскурзија во Охрид.

Охрид- град на светлината познат како и Лихнид. Според легендите се вели и дека додека ја граделе Самоиловата тврдина и ги носеле тешките камења викале "ох-рид" од кое се родило името кое денес е врежано во сите наши срца како дестинација за релаксација и одмор. Нашата авантура започна пред портите на училиштето и прво застанување ни беше Шарената џамија следеше Бигорски манастир а потоа и женскиот манастир каде успеавме да видиме глетка од силното непокорно биење на камбаните создавајќи свој ритам, противеќи му се на палавото ветре.

Бигорски манастир

Имавме прошетка низ Струга и го надгледувавме истекот на реката  Дрим и секако, имавме интересно објаснување  за темнозелените алги кои се жители само таму и на изворите, како и зошто водите на реката и езерото не се мешаат. Зошто се вели дека водите на реката си имаат “своја патека на движење”. 



Струга


Женскиот манастир

 Вие знаете зошто? Тоа се должи на температурните а воедно и густинските разлики на водите. Температурите на Охридското езеро варираат од 7 до 27  ̊C  во летните денови во Август кога водата е потопла. Вториот ден беше интересен, ја посетивме црквата Св. Софија, Заливот на коските, Римскиот кастел и манастирот Св. Наум. Вториот ден се одбележа а воедно и заврши со посета на диско. Следниот ден со полна пареа се вративме на патот и го посетивме Плаошник, имавме многубројни прошетки низ Охрид каде си посетувавме продавници се дружевме и забавувавме. Нашата посета се погоди бидејќи токму последниот ден можевме да се нурнеме во фолклорот на нашата држава каде многубројни играорки играа на познатите песни како Македонско девојче кое веднаш не впушти во добро расположение. Допирот на културата на нашиот народ во тој миг силно го почуствував.




Куќата на Робевци




Поминавме и крај горниот и долниот влез во Охрид ,  античкиот театар  и крајбрежјето на Охридското езеро.Не го заобиколивме Вевчани, таму ни беше овозможена кратка пауза и одмор на очите кои сите се вперија накај прекрасните Ввечански извори кои се наоѓаа во срцето на природата.





Вевчански извори




 
Заливот на коските



Патувањето колку брзо што дојде, толку брзо и заврши. Воедно незаборавна авантура која како и меѓу другото ја прави нашата последна година во основно незаборавна, а нашите спомени во Охрид уште поблиски и мили.


Автор и уредник Ања Јовановска 9-4



























Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче