8 Март-Денот на жената

   На ден 08.03.2023г. учениците од нашиот Ученички Парламент го посетија домот за стари лица ,,Руски" во нашата населба. 


Изработивме слики и честитки од семиња и салфетки во кои беа напишани убави пораки за Денот на жената. Беше вложено доста време во нивната изработка и на креативен начин оставија впечаток во домот.


Бевме топло пречекани од страна на членовите и вработените на домот. Најважно од сѐ е дека им пруживме мало внимание кое го развесели нивното расположение. Поразговаравме за тоа како им поминува еден типичен ден и тие ни кажаа дека имаат одредена програма по која се водат.





На крајот нѐ почастија со домашни подготвени колачиња и сокче. Поминавме прекрасно време заедно. Малите работи го прават светот поубав. И како гласи слоганот на Руски - ,,Почитувај ја староста!"





Автор и уредник: Михаела Димчова IX-2











Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров