Поезија за 8ми Март

 

Цветот за 8ми март

 

 

Цветот ќе свене

Мастилото ќе избледи

И години ќе минат

Само љубовта твоја,мајко, трае вечно .

 

Погледот твој постојано нѐ прати

Ко сокол нѐ пазиш

Ко пеперутка нечујно нѐ мазиш.

Кога со раце  свои нѐ галиш

 

Во одаите на душата твоја,

Сместени се желби и сништа кои

посакуваат безгрижни насмевки и денови

на децата свои.


  

  

Погледот на мајката

 

 

Поглед кој во миг ти продира во душата

и ја чувствува тагата твоја

Поглед кој веднаш знае за

 Среќата, радоста.

Поглед кој допира до скриените

тајни, испревртени вистини, бунтовност и пркната зрелост

Таа со се тоа се бори со огромна храброст и смелост.

Поглед од кој солзи не течат

Очи кои зборови сечат.

 

Таков е погледот на мајката.


 Автор и уредник: 

Ања Јовановска IX-4

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче