Како градовите во Македонија ги добиле своите имиња
Најчесто мештаните или староседелците знаат точно како нивниот роден град или родно место се создало, го добило своето имe, која е неговата култура, историја и слично.
Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот. Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги ,,прилепувале" своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво населба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп.
Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како ,,прилепски место" ( место каде што се прави леб) Според самиот Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка кои се дел од руската антропонимија.
Струга
И за Струга постојат две легенди. Едната вели дека Струга го добила името поради отворената географска положба на градот- место каде што постојано ,,струже" (дува ветер).
Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со стоачарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.
Охрид
Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал ,, ох рид"- каде и што дошло името на градот.
Битола
И Битола има повеќе преданија за тоа како настанало ова име. Најверодостојно од нив вели дека името Битола потекнува од старословенскиот збор ,,Обител" кој означувал збир на манастири, збир на свештеници, заедница на монаци. Како што веќе сите знаеме, Битола од секогаш бил град со многу манастири, па од тука потекнува и грчкиот назив за овој град- Монастири.
Според Марков Цепенков, Битола го ,,должи" своето име на големопоседникот Тољо, кој имал тврдина во непосредна близина на Битола. Кога турците се приближувале на тврдината и градот, го повикале Тољо на битка со зборови ,,Би Тољо" од каде што и потекнува сегашното Битола.
Куманово
За тоа како настанало името на градот Куманово постои само една легенда која е и доста логична. Се смета дека овој град името го добил по племето Кумани кои во 1094-та година се населиле во овој период и долго време се задржале во кумановската општина и пошироко.
Велес
Во текот на историјата, градот Велес повеќе пати го менувал своето име, од Вила Зора и Ќупурли до Титов Велес и Велес. Едната легенда вели дека името го добил од словенскиот термин ,,В Лес" кој означува ,во шума", со што се означувал пределот со густи шуми во близина на ова населено место, а втората легенда вели дека пределот околу Велес кој бил погоден за пасење на добиток, го населувале сточарски словенски племиња чии бог на добитокот бил богот Велес.
Автор и уредник: Сара Ангелова IX-3