Мини квизотека: време поминато во забава, игра и новостекнати знаења!
Денес се реализираше квиз наменет за
дечињата од второ одделение кои ги поканивме заедно да ги одговориме прашањата,
да се забавуваме и да научиме што е тимска работа.
Имаше петнаесет прашања од областа на математиката, општеството, природните науки, македонски и англиски јазик.
Квизот беше даден како активност на некој слободен час и се надеваме дека ќе поттикне размислување и добра забава!
А пак, малите
второоделенчиња ги чека уште еден квиз, на кој ќе видиме како ќе се снајдат, а
до тогаш... се надеваме дека овој им беше исто онолку интересен за решавање
колку што нас ни беше за создавање! 😉
Би се заблагодариле на наставничките по француски, македонски и класните раководители на второоделенчињата кои ни овозможија да го спроведеме квизот!
Овој квиз беше направен и спроведен од Ева Серафимовска и Ања Јовановска од
IX-4!