Posts

Нашето ново катче

Image
  Започнуваме нова, креативна идеја произлезена од умовите на интелигентните ученици. Ова катче го правиме со цел ние учениците да ги изразиме нашите креативни идеи и мислења, преточени во интересни текстови кои со мерак ќе ги читате. Блогот ќе изобилува со многу објави, факти, начин на живот и стил, како и широк спектар на разни теми од областа на науката, уметноста, литературата, јазиците... сè што може да ги интересира децата. Не заборавајте дека вашата поддршка е наша најголема мотивација. Ве повикуваме да ни испраќате с è што мислите дека треба да објавиме на нашиот блог, а нашите уредници со нетрпение ќе ве очекуваат. Овој блог ќе нуди целосна слобода на изразување за сите вас, кои се чувствувате како уметници и креативци и сакате безрезервно да се изразувате. Вашите текстови ќе можете да ги испраќате на меил адресите од нашите уредници објавени на блогот, а тие ќе бидат објавени и потпишани со ваше име и презиме. Ве очекуваме во оваа креативна, блогерска ...

Збогум...?

Image
  Oстануваат толку работи недокажани а толку малку време. Навистина уште не знам кога помина годината. Кога помина последната етапа од нашиот престој во Дане Крапчев. Кога од малечки деца станавме во овие пораснати тинејџери кои треба да одат во средно. Се разделуваме. Кажуваме збогум. Мемориите ги носиме a со нас останува нашиот белег кој сме го направиле на училиштето. В елат дека времето е релативно, дека минува баш според нашата реферетна рамка, но како може вистински да е кога моментите кои сакаме да траат подолго ни отчукуваат во раце?  За среќа истите може да се сочуваат.. со слики. Благдарам на сите соученици и наставници! ,,Дане Крапчев"  засекогаш ќе остане дел од едно поглавје во животот кој не прави она што сме денес. Па затоа да се насмееме во името на исте тие прекрасни моменти кои ги доживеавме во последниве девет незаборавни години. За последен пат.. Автор и Уредник: Ања Јовановска IX-4

Догледање „Дане Крапчев“

Image
    Возбудена, исполнета со нетрпение, едвај чекав да почне учебната година и да зачекорам на патот од основното образование. Да почувствувам одговорност, да запознам нови пријатели, да создадам нови искуства...   1 септември 2014 г. Беше сончево, трчаа наоколу разиграни дечиња, имаше многу родители и возбудата се чувствуваше. Глетката беше многу убава. Се прегрнуваа првооделенчињата со своите наставнички како мајки со своите дечиња. Најмалите шараа со своите очиња низ училиштето, разгледувајчи го својот втор дом. Местото каде што ќе поминат девет години, место во кое ќе создадат преубави спомени, заедно со своите пријатели и наставници. Тој ден беше денот кога „Дане Крапчев“ нѐ пречека со огромна прегратка, а ние како мали човечиња со возбуда ги прифативме предизвиците кои не очекуваа... Првите пет години, во одделенска настава беа прекрасни. Одделенските раководители се грижеа за нас и на вистинскиот пат нѐ посочија. Сакаа да бидеме најдобри меѓу најдобрите....

Нашиот патрон-Дамјан Јованов Крапчев

Image
  Дане безброј цветови пораснаа во твојата градина, безброј топли и темни дни поминаа. Сите овие цветови почнаа да цутат, а со тоа ја напуштија и градината и почнаа да чекорат кон големото и безбројно поле. Но, никогаш нема да се заборави таа топла градина во која ги доживееавме среќата и тагата.  За многумина ти, Дане си само еден херој познат од историјата. Но, за нас ти си личност со големо срце, со голема храброст и борба за сопственоста. Сите ние сме горди што учиме во ова училиште кое го носи името на еден великан. На ова место станавме луѓе со голема свест, почит, труд и љубов. Горди сме на она што си го постигнал и за она што си се залагал. Дане сите твои големи дела засекогаш ќе ги паметиме, а ние ќе ги пренесуваме на наредните генерации. Со голема љубов, труд и голем број на постигнати успеси ние, Дане те истакнуваме во најдоброто светло. Честит патронен празник!    Автор: Ана Марија Стамчевска IX-3 Уредник: Сара Ангелова IX-3  

Среќен патронен празник, патрону наш!

  Во едно студено и магливо февруарско утро Беше роден вистински херој, храбар борец, кој не може да го опише ни најдобриот творец. Со борбен дух и желба искрена, чиста го следеше своето мото.   И велеше:   ,,По бурата секогаш се појавува светлинатаʺ. А, тој пак падна, во прегратка на темнината. Закопан во пазувите на планината, светлина ѝ подари на татковината! Денот кога гората те пречека  го славиме, и името Дане Крапчев никогаш нема да го заборавиме! Автор и уредник Ања Јовановска IX-4    

Св. Кирил и Методиј

Image
  Св. Кирил и Методиј, македонски браќа родени во Солун. Браќа кои со својата желба и пасија да создадат јазик на кој ќе можат да ги преведат грчките книги ја создале граголицата, првиот и најважен чекор до сопствен јазик, сопствено писмо. Тоа биле макотрпни денови каде што ноќе, во темна просторија, под свеќа, Св. Кирил ги пишувал буквите на глаголицата, целиот изнемоштен и изморен. Но, благодарение на нивната посветеност, ние денес се разбираме, разговараме и споделуваме мислења, дискутираме, читаме, учиме... Од голема важност се, бидејќи не само што создале писмо, тие ја создале светлината на слепите и звукот на глувите. Ни дале знаење, не описмениле. Денес, дваесет и четврти мај, е ден на кој што ја празнуваме нивната работа и посветеност,   бидејќи без нив, би биле сосем друго население со сосема друго знаење, култура, јазик. Тие ни го дале нашиот идентитет, нашиот карактер и нашето знаење. Цртежот е изработен од Лина Серафимовска II-4 Автор на текстот Ева Серафимовска IX...

На час по Дизајн II

Image
 На вториот час по предметот Дизајн според изработениот цртеж на одреден дизајн   од хартија изработувавме модел со кој ја облекувавме нашата изработена кукла од хартија.     Автор: V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

На час по Дизајн I

Image
На часовите по изборниот предмет Дизајн, за да можеме да ги нацртаме нашите дизајни прво  цртаме модел на човечко тело по пропорција. Една вертикална линија ја делиме на 8 еднакви делови. Првата осмина е главата. Цртаме мал врат. Следните две осмини припаѓаат на трупот. Осмината под него е половината. Останатите четири дела се нозете, поделени на два еднакви дела ( надколена и подколена). Од горниот дел на трупот цртаме раменици како два круга. Од нив две надолжни прави кои се поделени на два еднакви дела. Така го добиваме нашето „човече“. Ако е момче може да се вика Марко, а ако е женско може да се вика Ана. Потоа на нашето „човече“ цртаме и дизајнираме облека во различни стилови.Можете да видите некои од нашите дизајни. Ако ви се допадне оваа активност може да се обидете и вие. Воопшто не е тешко, а може да биде и итересно. Бидете креативни и свои.                                    Автор: И...

Настава во природа-Охрид V

Image
   На петтиот ден од настава во природа (12.05.2023) го напуштивме хотелот и направивме обиколка низ чаршијата во Охрид.    Ги посетивме Билјанините извори и  под убавите сенки игравме заеднички игри. Потоа се упативме кон градот Битола и го посетивме археолошкиот локалитет Хераклеа.    Тоа беше нашата последна посета и  се вративме дома во Скопје.Овие пет дена  беа возбудливи и интересни за сите нас. Автор: Ангелина Трпковска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид IV

Image
  Денес, на четвртиот ден од нашата настава во природа бевме  во Вевчани и ги посетивме изворите.     Потоа отидовме во градот Струга и го посетивме музејот на Никола Незлобински во кој се наоѓаат препарирани животни. Можеа да се видат инсекти, водоземци, влечуги, птици, цицачи. Во Струга го видовме изливот на реката Дрим. Ги завршивме нашите посети во попладневните часови. Автор: Јана Спировска V-2 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид III

Image
    Третиот ден од настава во природа (10.05.2023) ги посетивме Заливот на коските и манастирот Св. Наум. Во Заливот на коските на наколни живеалишта имаше поставено куќи направени од кал, дрво и трски. Во куќите е прикажан животот на луѓето во праисторијата. Во музејот беа изложени предмети направени од глина и пресечени столбови од најсилните живеалишта.  Во манастирот Св. Наум се наоѓа гробот на Наум Охридски Чудотворец, а така го нарекле бидејќи ги лекувал и им помагал на луѓето со разни болести. На гробот можеше да го чуеме чукањето на срцето на Св. Наум. Дрвениот иконостас во манастирот беше позлатен. Во дворот на манастирот сретнавме пауни кои сакаа да се фотографираат. Автор: Јана Србиноска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2