Нашето ново катче

 


Започнуваме нова, креативна идеја произлезена од умовите на интелигентните ученици.

Ова катче го правиме со цел ние учениците да ги изразиме нашите креативни идеи и мислења, преточени во интересни текстови кои со мерак ќе ги читате. Блогот ќе изобилува со многу објави, факти, начин на живот и стил, како и широк спектар на разни теми од областа на науката, уметноста, литературата, јазиците... сè што може да ги интересира децата. Не заборавајте дека вашата поддршка е наша најголема мотивација.

Ве повикуваме да ни испраќате сè што мислите дека треба да објавиме на нашиот блог, а нашите уредници со нетрпение ќе ве очекуваат.

Овој блог ќе нуди целосна слобода на изразување за сите вас, кои се чувствувате како уметници и креативци и сакате безрезервно да се изразувате.

Вашите текстови ќе можете да ги испраќате на меил адресите од нашите уредници објавени на блогот, а тие ќе бидат објавени и потпишани со ваше име и презиме.

Ве очекуваме во оваа креативна, блогерска авантура!

 

Од тимот на Дружината на Дане Крапчев

Popular posts from this blog

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Државен натпревар по географија