13 ноември- Ослободување на Скопје

 Битката за Ослободувањето на Скопје претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. Ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби ( без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување ( топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника). 

  ,,Ладно есенско утро, 13 ноември 1944-тата година. Партизаните се подготвуваат за борба. Срцата бијат како едно, мислата е насочена само во слободата и другарите, со кои можеби ова ќе биде последна средба"- на ова се сеќава 85-годишната Пенка Кралевска, тогаш една од најмладите партизанки во 12-тата Ударна бригада која учествувала директно во ослободувањето на Скопје. 




Автор и уредник: Сара Ангелова IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче