Денес биди причина за нечија насмевка
На 4ти ноември по иницијaтива на членовите на Ученичкиот парламент од нашето училиште беше реализирана една прекрасна идеја. Предлогот беше на смајлиња кои претходно учениците ги изработија да се напишат пораки за убав ден и да го разубават денот на луѓето коишто ги сретнаа во Градскиот парк.
Од едната страна на смајлито имаше нацртано среќно лице, а на другата страна беше напишана пораката. Смајлињата беа давани на случајни минувачи кои возвраќаа со топла насмевка и беа пресреќни што тие ја имале можноста да ја добијат таа порака. Учениците вратија многу ведри насмевки на сите луѓе во паркот, а и нивната душа беше исполнета со многу радост.
Ученичкиот парламент континуирано си ја извршува својата работа, дава предлози за следни активности на училиштето и успешно ги спроведува активностите.