Книга-прозорец кон мечтите
Книга-прозорец кон мечтите и соништата. Творештво кое е
исполнето со тајни, со фантазии. Велам тајни бидејќи за да се разбере
содржината на едно такво дело, потребна е целосна концентрација, соживување и
емпатија.
Ние луѓето имаме секакви чувства,
емоции. Некој од нас тие емоции ги преточуваат во вид на најразлични текстови,
песни, раскази... Потоа читателите имаат можност да се соживеат со емоциите на
авторот и тие да се втурнат во еден непредвидлив брз воз од емоции кои ги
добиваат како резултат на соживеаноста и тесната поврзаност со делото, со
книгата.
Иако има најразлични книги, поделени во
разни жанрови, секоја од нив си ја раскажува својата приказна. Секоја од нив е
посебна, има своја позадина. Секоја книга е единствена, има свој идентитет.
Голема или мала. За возрасни, млади или
деца. Лектира или слободна литература. Хорор, романса или комедија. Има многу
поделби меѓу нив. Но која и да ја одберете, сигурна сум дека ќе уживате во
нејзиното читање. Сигурна сум дека ќе дознаете нешто ново, нешто интересно.
Авторот преку книгите си ги раскажува
сопствените сонови, замисли и идеи. Навистина, книгата е дело на кое треба да и
посветиме внимание и од кое можеме многу да научиме. Само треба да имаме желба
за да почнеме со нејзино читање и верувам дека понатаму таа самата ќе ја
направи магијата.
Автор: Ева Серафимовска IX-4
Уредник: Ања Јовановска IX-4